Ако сте бремени и имате гадење, може да ви се даде навидум чудно објаснување дека тоа е затоа што носите машко дете. Но, дали има вистина во тоа или се работи за мит? Дали е потешка бременоста со машко или со женско дете?

Истражување објавено од научници од Кембриџ посочува дека бременостите со момчиња се потешки за поднесување отколку бременостите со девојчиња. Експертите го припишуваат ова на фактот дека момчињата обично растат побрзо, па им треба повеќе кислород и други хранливи материи кои доаѓаат од плацентата. Како што велат, машките бебиња се многу попребирливи додека се во утробата. Не знаеме со сигурност зошто е тоа така, но можно е машкото бебе да има помала толеранција на стрес или непријатност за време на бременоста, додека женското полесно го поднесува и има помали барања, се вели во студијата.

Во исто време, ако идната мајка носи девојче со средна големина, нејзината плацента ќе биде пофункционална отколку ако носи поголемо момче.

Затоа е важно да направите ултразвук за време на бременоста и да го дознаете полот на плодот. „Ултразвукот помага да се утврди дали постои ризик од прееклампсија или застој во растот, компликации кои се почести кај трудниците кои носат момчиња отколку кај жените што носат девојчиња“, заклучиле истражувачите.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X