За време на празниците имав доволно време да прочитам подолги приказни на интернет, и една статија навистина ми го привлече вниманието.

„Њујоркер“ ја објави приказната „Акушерка во Норт Кантри“ со која фрли повеќе светло на необичниот пристап на здравствениот систем на САД кон породувањето. Приказната ја следи посветената акушерка Сандеј Смит додека одела на визита кај новите мајки.

Што е путер-породување?

Целата приказна е одлична и препорачувам да ја прочитате, но овој израз, „путер-породување“ ме изненади:

– Смит присуствуваше на 180 породувања уште од преселбата во Норт Кантри, Њујорк, и поголемиот дел поминаа според планот – се објаснува во приказната на „Њујоркер“.

– Неколку беа она што таа ги нарекува путер-породувања во кои сè поминало непречено, дури и мирно, што се чини како мајката да го стопи своето бебе – вели Смит.

Путер-породување? Топење на бебиња? Дали ваквото породување е нешто ново? И дали ова е термин што го користат и другите акушерки?

Малку „копање“ по интернетот покажа дека овој термин навистина се користи.

Едно објаснување вели вака:

– Ако сте биле доволно долго во светот на породувањето, веројатно сте го слушнале терминот путер-породување. Во суштина, ова значи породување и раѓање што се одвивало мазно како путер. Породување кога мајката и нема болки, многу кратко време се породува, без дополнително крвавење и веројатно нема никакво пукање – пишува на блогот „Бичи брт блогес“.

Моето истражување откри и други референции за путер-породување што се појавија на интернет, потврдувајќи дека овој термин навистина е усвоен од страна на некои професионалци за породување.

На пример: „Честопати има послатки мотиви за нас да влеземе во ова неверојатно поле. Станува збор за најдоброто искуство кога мајката излегува како нова мајка и нова личност, особено ако породувањето помине добро – како што некои мои пријатели го нарекуваат, путер-породување“ – пишува Јан Тритон во издание на „Акушерство денес“ од 2017 година.

„Мазно како путер“

Медицинската сестра Аманда Вилис исто така породувањето во кое нема никакви компликации и кога бебето се раѓа на дадениот термин го опишува како путер-породување.

– Овие убави путер-породувања се случуваат и можат да се случат – пишува таа.

Јасно е дека не секој ќе има путер-породување и дека не е нешто кон кое мајката треба да цели. Секое породување е различно и доаѓа со свој сет околности и предизвици. Сите породувања се значајни на свој уникатен начин.

Овие „путерести“ некомплицирани породувања се интересен феномен и дефинитивно олеснување и благослов за мајките што раѓаат и акушерките што ги породуваат.

Автор: Пип Линколн



912

X