Воспитување

Дали сте премногу строг родител?

Иако како родители не можеме постојано да му угодуваме на детето и да му дозволуваме да прави сè што сака, може да претераме и со поставувањето на границите, предупредуваат психолозите. Како што објаснуваат, многу родители знаат несвесно и ненамерно да претераат со својата строгост.

Еден од најчестите знаци дека можеби имате престрог пристап кон родителството е ако вие секогаш ги донесувате сите одлуки наместо детето. Секако, некои важни одлуки ќе ги носите исклучиво вие, но понекогаш детето може да избере облека за во градинка или училиште, како и да одлучи дали да го јаде или не целиот оброк за вечера.

Друга работа што често ја прават премногу строгите родители е да даваат наредби без детето да има можност да учествува во дијалогот или разговорот. Ако вие сте секогаш тој што ги поставува правилата, тоа може да биде знак дека сте престроги со вашето дете. Психолозите нагласуваат дека родителите кои не дозволуваат дијалог и разговор, всушност, му прават на детето повеќе штета отколку корист.

На ист начин, премногу строгите родители често имаат превисоки очекувања од детето. Одлично е кога родителите ги инспирираат своите деца, веруваат во нивните способности и им помагаат да ги постигнат своите цели, но психолозите нагласуваат дека не е добро да се претера. Всушност, тоа може да биде многу лошо.

Имено, постојаниот притисок врз децата да бидат најдобри во сѐ може само да создаде притисок врз детето и да доведе до спротивен ефект. Ако често е под таков стрес, детето на крајот може да се исплаши, да стане несигурно и да ја изгуби самодовербата.

Премногу строгите родители се склони и кон постојано критикување, кое на многу начини му штети на менталниот развој на детето. Дополнително, детето кое има родители што го критикуваат секој ден или наоѓаат маани во секоја негова одлука, со текот на времето, навистина ќе почне да верува дека не е доволно добро.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top