Многу родители на деца со проблеми, тинејџери и возрасни деца ме контактираат изразувајќи фрустрација дека не се сериозно сфатени кога поставуваат граници. Многумина од нив спаѓаат во групата на попустливи родители. Ваквите родители се внимателни и топли, но имаат тенденција да не поставуваат граници. Сум видел деца кои страдаат со премногу попустливи родителите исто толку често како и деца кои имаат авторитетни родители кои сакаат да имаат контрола над работите.

На попустливите родители изгледа како да им е приоритет пријателскиот однос со детето, наместо да бидат негови родители. Истражувањата покажуваат дека децата на попустливите родители може да покажат повисоки нивоа на креативност, но исто така може да чувствуваат дека имаат право повеќе да земаат отколку да даваат во односите со другите луѓе. Ако родителите се премногу „меки“ и не одговорат на предизвикувачките однесувања на нивното дете на која било возраст, ги губат кредибилитетот и почитта. Родителите што се премногу попустливи често може јасно да видат дека имаат неколку правила и немаат конзистентни граници – но се борат да го променат своето однесување.

„Може да биде безобразна кон мене бидејќи знам дека тоа е само фаза.“

Кога им се даваат насоки на овие родители, тие препознаваат дека ги немаат неопходните правила и структура за своите деца. Тие пријавуваат долга историја на тоа кога поставуваат правила, но не успеваат да ги применат. Тажно е кога слушам чувства на вина и срам од родители кои всушност ги оставиле своите деца да бидат „главни“.

Попустливите родители ми велат: „Ќе оди в кревет кога ќе биде изморен“ (иако се игнорира што е 23 часот во работна недела). „Во ред е ако сака да јаде сладолед за појадок.“ „Зошто да бидам јас тој што внимава и дискутира со него за да престане со видеоигрите. Едноставно нема да бележи успеси на училиште и ќе сфати самиот.“ „Може да биде безобразна кон мене бидејќи знам дека тоа е само фаза.“

Бидејќи децата што растат со попустливи родители се научени да прават што сакаат, имаат проблем да се согласуваат со другите. Може да бидат разгалени, себични и прилично пркосни. Ако изберете опуштен метод на родителство, не обвинувајте се сега поради тоа. Можеби сте станале премногу попустливи од повеќе причини.

Можеби сте пораснале со строги, авторитетни родители и затоа сте одлучиле да користите многу малку дисциплина.

Ако ова е вашиот случај, тогаш попустливоста е веројатно реакција на вашето строго воспитување. Или можеби сте избрале таков стил бидејќи сте чувствувале дека сте под стрес и ја немате енергијата да создавате правила и да ги применувате. Родителите се борат и со зависности од алкохол и дрога, па и во тој случај делот со дисциплината може да биде компромитиран.

Вложете напор да препознаете на кој начини и зошто сте толку попустливи со вашето дете и обврзете се да работите на промена. Можеби не сакате конфликти и сте станале емоционален заложник на вашето пркосно дете поради страв од поголема драма и хаос. Ако е така, бидете смирени и цврсти во комуникацијата со детето. Дури и ако тоа негативно реагира, одржете ја смиреноста и зборувајте со интегритет. Охрабрете го детето да зборува со вас на ист начин. Потенцирајте дека ќе добива повеќе од вашето позитивно внимание и повеќе привилегии ако се движи по тој смирен, цврст пат со вас.

Заклучок

Запомнете дека воведувањето промени во родителството може да биде голем предизвик, а потребно е и време. Сепак, исходот ќе биде дете кое помалку пркоси и ќе ве почитува повеќе на долг рок.

Автор: Џефри Бернстин

Извор



912

X