Воспитување

Дали сте мудар или обичен родител?

Сите ние сме биле деца, но често забораваме на тоа. Длабоко во себе знаеме како е правилно да се постапува со децата, но во секојдневието ни недостигаат трпение и мудрост за да го оствариме тоа.

Ви пренесуваме 7 важни работи што можат да им помогнат на децата во формирањето на личноста, но и на родителите во процесот на воспитување на децата.

Напомени за секој родител:

1. Обичниот родител е убеден дека своето слободно време треба целосно да му го посвети на детето, ставајќи ги притоа своите интереси во втор план.
Мудриот родител е способен самостојно да се грижи за себе, а на истото тоа ги учи и своите деца.

2. Обичниот родител ги поминува вечерите помагајќи му на своето чедо околу домашните задачи.
Мудриот родител, при воспитувањето на детето, се придржува до оваа стратегија: детето одговара за напишаната или ненапишаната задача.

3. Обичниот родител се обидува да го надомести чувството на вина со разни подароци и пари.
Мудриот родител регуларно му дава пари на детето за џепарлак, кои треба да ги распореди на таков начин што самостојно ќе може да си купува разни работи и играчки што не се вклучени во семејниот буџет.

4. Обичниот родител не се обидува да сфати зошто неговото дете лошо се однесува.
Мудриот родител со сите сили се обидува да го сослуша своето дете за да разбере што се крие зад неговото лошо однесување, за да најде начин да му помогне.

5. Обичниот родител при воспитувањето на детето има цел од него да направи пристоен човек.
Мудриот родител прави сè за да изгради близок однос со детето.

6. Обичниот родител го расте своето дете во атмосфера на попустливост, дозволувајќи понекогаш да му се качи на глава.
Мудриот родител сфаќа дека има целосно право на свој личен простор, хоби и време поминато без детето. Тој ги почитува и своите и границите на своето дете.

7. Обичниот родител се обидува да го заштити своето чедо од сите животни тешкотии, правејќи го и она што не мора.
Мудриот родител му дозволува на детето да прави грешки, а потоа, заедно со него, дискутира каква позитивна лекција може да извлече од настанатата ситуација.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top