Тивки книги… меки книги… платнени книги…
Овие многуимени книги имаат една и заедничка идеја и се сочинети од платнени страници со питорескна содржина за задржување на вниманието на бебето. Но, нивната намена опфаќа и повозрасни дечиња, a од првоспоменатите се разликуваат по тоа што во вториве има полиња за интеракција со други деца, како на пример, игрите „бесилка“, „дама“ или „Х/0“. Вообичаената возрасна граница кај децата за овој тип книги е од двегодишна до петгодишна возраст, земајќи ги предвид нивните вештини.
Најважното е што на овие книги можете да бидете и создавач и издавач. Некои луѓе ги дизајнираат страниците така што ги шијат како целина, а други ставаат мали алки за да можат да додаваат и отстрануваат страници (како папка). Предноста на втората опција е тоа што постојаната промена на „содржината“ го одржува свежо вниманието на малите читатели.
Тивките книги може да бидат прекрасни, рачно сошиени или залепени ремек-дела. Успешноста на тивките книги се мери според целниот читател. Книгите може да бидат забавни, да го окупираат интересот на детето и да бидат насочени кон неговите нивоа на индивидуални вештини.

© Sawdust & Embryos

Еве неколку едноставни совети како да направите своја тивка книга:
* Користете употребливи (остри) ножици;
* Уште на почетокот одлучете се за методот на спојување на деловите во целина и проверете дали сте оставиле доволно простор за примена на посакуваниот метод;
* Користете, на пример, декоративна хартија за прецизни резови;
* Чојата (акрилна волна, мешана волна и 100% волна) не се аби, а притоа можете да користите кој било метод на спојување за да ги прикачите деловите;
* Внимавајте каков материјал користите, особено при пеглањето;
* Вашата креација не мора да биде совршена. Децата нема да ги забележат мааните или дали книгата е залепена или сошиена. Ако сте невешти во ракотворење, не обесхрабрувајте се и посегнете по материјал што е приспособлив на секакви потфати;
* Забавувајте се и подгответе се да го посветите целото свое слободно време на креирање и на бурен проток на идеи. Создавањето на тивките книги е активност која создава зависност ?
Од педагошка гледна точка, со помош на тивката книга децата ги зацврстуваат и се фокусираат на своите специфични вештини на ситната и крупната моторика, сензорната и интерактивна игра и на функционалното размислување.
Секоја страница од оваа самоделска книга е насочена кон развој на другите вештини кај децата. Шарени се, даваат нова платформа за учење и ја предизвикуваат инспирацијата кај децата за независна игра. Значи, овој тип книги ги ангажираат децата во учењето важни вештини, како разликување бои, различни видови материјали (тактилна интелигенција), животни вештини (закопчување, врзување врвки и сл.).
Па, драги родители, впуштете се во акција и создавајте трајни спомени што ќе ги наследуваат и идните генерации.
Интернетот е преплавен со идеи за изработка на овие книги. Само внесете quiet books во пребарувачот и ќе ви се отворат милион предлози од креативни родители. Уживајте!



912

X