Колку години имала вашата мајка кога ве родила, јасно влијае кога вие ќе добиете дете. Тоа го открива канадската студија на Универзитетот „Мекгил“ во Монтреал.
Ако е постара мајката, поверојатно е дека и ќерката подоцна ќе има свои деца или можеби воопшто нема да роди. Тоа е заклучокот на канадската студија што го следела животот на вкупно 41.000 жени.

Резултатите од студијата покажале значителни проценти. Ако мајките при породувањето биле постари од 35 години, дури 40% од нивните ќерки подоцна не родиле свои деца. Од друга страна, кај многу младите, малолетни мајки било констатирано сосема спротивното. Нивните ќерки само во 14% од случаите немале деца. Се разбира, следејќи ги податоците, научниците забележале дека најголема шанса ќерката да има свои потомци е да забремени и да роди околу 25-тата година од животот. По 25-тата шансите почнуваат да опаѓаат.

Зошто се случува тоа, научниците се обиделе да објаснат со разни аргументи од тоа дека постарите мајки поинаку ги воспитуваат децата во споредба со помладите, но и дека образованието, потеклото или социјалната состојба многу влијаат врз одлуката на жената кога да роди дете.

Се разбира, и можностите за забременување со текот на годините опаѓаат, така што сите фактори заедно придонесуваат кон тоа жената подоцна да одлучи да забремени кога шансите се веќе намалени. Но, без оглед што таквите податоци можат да бидат загрижувачки и еден вид предупредување, жените треба да раѓаат кога се подготвени за тоа, кога ќе се одлучат на таков чекор и кога ќе дојдат во животна фаза да го посакуваат тоа.

 



912

X