Дали треба да ги стерилизираме шишињата за бебиња или не, е тема која често предизвикува многу дискусии меѓу родителите.

Светската здравствена организација советува опремата за хранење бебиња, вклучувајќи шишиња и цуцли, да се стерилизира додека детето не наполни најмалку 12 месеци. Стерилизацијата може да ги заштити децата од инфекции, особено од дијареја и повраќање. Не е важно дали користите адаптирано млеко или го чувате вашето измолзено млеко во фрижидер, па му го давате на вашето бебе, обидете се редовно да ја стерилизирате опремата.

Како да ја стерилизирате опремата за хранење на бебето?

Пред стерилизација, потребно е:

– Да ги исчистите шишињата, цуцлите и другата опрема за хранење во топла, течна вода што е можно поскоро по хранењето.

– Да користите чиста четка за чистење на шишињата и мала четка за чистење на цуцлата внатре. Можете, исто така, да ја свртите цуцлата наопаку и потоа да ја измиете во топла вода со течност. Не користете сол за чистење бидејќи може да биде опасна за вашето бебе.

– Исплакнете ја целата опрема во чиста, ладна, проточна вода пред стерилизација.

Најдобар начин за стерилизација

Стерилизација на пареа

– Постојат неколку различни видови стерилизатори, па затоа е важно да ги следите упатствата на производителот.

– Проверете дали отворите на шишињата и цуцлите се свртени надолу во стерилизаторот.

Стерилизација со вриење

– Проверете дали опремата е безбедна за високи температури и вриење.

– Ставете ја опремата за стерилизација во големо тенџере со вода и оставете да се вари 10 минути. Погрижете се опремата да остане под површината на водата.

Запомнете дека со овој метод цуцлите побрзо се оштетуваат, затоа редовно проверувајте ги бидејќи оштетена цуцла детето не треба да ја користи.

Извор



912

X