Можеби се плашите дека вашето дете ќе потпадне во лошо друштво или ќе се дружи со некој кој според вашето мислење е несоодветен. Ако вашето дете создало вакви пријателства, секоја ваша постапка може да ја сфати двосмислено.

Обично забраната ќе го охрабри уште повеќе да се поврзе со пријателите. Подобро е да го дозволите пријателството, но колку што можете повеќе да биде под ваш надзор. Најдобро е да им предложите да се дружат во вашиот дом. Тогаш можете да им нагласите дека би требало да ги почитуваат вашите куќни правила. На пример, нема кажување пцости или тепање.

За да дејствувате превентивно, обидете се што повеќе да го набљудувате вашето дете. Се разбира, ова не значи целосно да го контролирате, но не би требало да му дозволите да излегува само без надзор или треба точно да ви каже каде ќе оди. Секогаш морате да знаете каде е вашето дете. Поставете јасни правила дека мора да си дојде дома кога ќе му кажете или дека мора да ви се јави ако одлучи да оди на друго место. Покрај тоа, иницирајте создавање пријателства со неговите врсници бидејќи особено момчињата знаат да бидат физички насилни кон помалите членови од „групата“. Меѓутоа, исто така овозможете му и одреден степен на слобода, можност за избор и покажете му дека му верувате. Понекогаш тоа е всушност она што дава најдобар резултат и на двете страни.

Конфликти со тинејџери

Најдобар начин да се справите со тинејџерот дома е да останете смирени и да не ги сфаќате неговите провокации лично. Повеќето тинејџери се секојдневно лути и фрустрирани бидејќи не се согласуваат со родителските ставови, вредности, правила и ограничувања. Таа лутина е само дел од градењето на сопствената личност. Тинејџерот мора да ги преиспита наметнатите ставови за да може да ги доживее како свои.
Можете да ја намалите тензијата со тоа што ќе научите да ги слушате. Сослушајте го детето без критика, советување или мешање. Прашајте го детето какво решение предлага бидејќи кога ќе покажете разбирање и почит, многу поголема почит ќе добиете назад.

Секогаш однесувајте се на начинот на кој би сакале вашето дете да се однесува. Немојте да викате ако не сакате детето да вика на вас, немојте да кажувате пцости и не кажувајте ги минатите проблеми. Ако сметате дека вашиот тинејџер ја преминува границата на толеранција и нормално однесување, обидете се да убедите некој помлад член од семејството, но постар од детето, да разговара со него.

Тинејџерите отсекогаш биле проблематични. Дали во очите на родителите, наставниците, законот или сето наброено. Основа за решавање на проблемот, или за недостиг на проблеми, се добрите односи во семејството. Каква комуникација ќе имате со вашиот тинејџер и дали ќе имате проблеми со него и какви, на крајот, сепак, останува лично прашање

Автор: Јелена Орландиќ, психолог и психотерапевт



912

X