Ако сте родител, веројатно сте ја доживеале претходно следнава ситуација – едно од вашите деца добива нешто од вас, без оглед дали се пари или подарок, а вашето друго дете веднаш прашува: „А каде е моето?“ Како родители, секогаш се однесуваме кон децата еднакво? Или не?
Секако дека како родители еднакво ги сакаме нашите деца, но дали имаме омилено дете? Професорката Кристина Дуранте и нејзините колеги од Универзитетот „Рутгерс“ ја тестирале оваа теорија.
– Во експериментот родителите играа лотарија за добивка од 25 долари. Тие мораа да кажат име на детето на кое ќе му ја дадат наградата – вели Кристина.
Родителите можеле само еднаш да учествуваат во лотаријата и морале да изберат помеѓу нивната ќерка или син за потенцијална победа. Мајките ги избрале ќерките, а татковците нивните сонови.
– Ова покажува дека ние навистина имаме омилено дете, дури и кога мислиме дека немаме – вели Дуранте.
Во дополнително истражување родителите со деца од двата пола учествувале во лотарија со награда училиштен прибор. Повторно мајките во 76 отсто од времето ги избрале своите ќерки, а татковците во 87 отсто од времето ги избрале синовите.
Дуранте вели дека родителите треба да знаат дека оваа предност постои и им обезбедува на сите нивните деца да имаат еднакви можности и збогатување на активности, како часови по музика, танц и спорт.
– Мора да провериме двапати за еднаквиот пристап што го имаат нашите деца – вели Дуранте.
Истражувачите велат дека родителите можеби го фаворизираат детето од истиот пол едноставно затоа што повеќе се идентификуваат со него. Тие им препорачуваат на родителите да ги следат трошоците за секое од нивните деца бидејќи тоа ќе им помогне да имаат јасна слика за тоа каде одат нивните пари.