Кога сте веќе при крај со бременоста, нормално е да не сакате повеќе да сте бремени – особено во летните месеци. Има неколку работи што се полоши од тоа да се биде пред крај со бременоста на летните горештини, но пливањето во базен може да ви помогне. Добро е да ги знаете овие работи со цел да се справите полесно со целиот процес.

Дали пливањето може да предизвика труднички болки?

Иако пливањето е одлично за бремените жени генерално, за жал, не може да го поттикне породувањето, вели специјалистот по гинекологија и акушерство Идрис Абдур-Рахман. „Додека не ги разбираме целосно сите механизми вклучени во иницирањето породување, знаеме дека хормоналните промени играат голема улога. Дури и вашите вежби не ги менуваат нивоата на хормоните, а пливањето пак воопшто“, вели Абдур-Тахман. Па така, не само што не помага во поттикнувањето на породувањето, туку може да превенира породувањето да продолжи. Но, има и многу предности што ги носи пливањето во текот на бременоста освен разладувањето.

Како природно да се поттикне породувањето?

Моник Кован, семеен тренер и експерт за породување, вели дека „движењата како танцување, клекнување, скокање на топка за вежбање и одењето се познати како техники за поттикнување на породувањето. Стимулацијата на брадавиците и сексот се позабавни начини за поттикнување, бидејќи лачењето на окситоцин доведува до контракции на матката“. Повторно, хормоните се оние што треба да се раздвижат за да започне породувањето. „Најприродните методи за поттикнување на породувањето се стимулирање на зголемени нивоа на хормони наречени простагландин и окситоцин“, вели Абдур-Рахман. „Овие хормони го омекнуваат и го шират цервиксот, а исто така стимулираат контракции на матката – двете работи кои се потребни за поттикнување на породувањето“.

Абдур-Рахман додава дека користењето пумпа за дојки е еден од поедноставните начини да ги стимулирате своите брадавици за ослободување на окситоцин и простагландин. Кован, пак вели, дека е многу важно да се запомни оти ако сакате да го поттикнете породувањето, треба да почекате додека сте барем во 40-тата недела. „Сите овие методи можеби нема веднаш да вродат со плод, а можат и да создадат некаква форма на непријатност. Проблемот со поттикнувањето е во тоа што, освен ако мајката знае точно кога зачнала, таа всушност можеби го поттикнува порано отколку во 40-тата недела. Тоа значи дека можеби не се доволно развиени мозокот и белите дробови на бебето“.

Придобивки од пливање во бременоста

Иако не го поттикнува породување, пливањето е голема придобивка и е безбедно за вас. Патриција А. Еванс, бабица, истакнува дека пливањето ви дава олеснување од тежината во матката, а поради водата, се чувствувате како да лебдите. Други придобивки се: олеснување на отоците во зглобовите и нозете, намалување на утринската мачнина, одржување соодветна температура на телото, разладување.

Хлорот и бременоста

Не кревајте паника поради самата вода – Еванс вели дека хлорот во базените е безбеден и за мајките и за бебињата. Всушност, Абдур-Рахман вели: „Хлорот има многу важна улога во базените, па пливањето во нехлорирана вода ќе биде значително поопасно“. Но, ако воденикот ви пукне во текот на пливањето, или ако сакате да скокнете во базен откако воденикот ќе пукне за да си помогнете поради мускулните контракции пред породувањето, тоа дефинитивно не се препорачува. „Прво, не е препорачливо намерно да се остави телесна течност во јавен базен. Второ, дури и хлориран, во базенот сепак има бактерии и други паразити. Вашата кеса со вода е основната бариера помеѓу вашето бебе и бактериите од надворешниот свет. Пливањето откако кесата со вода ќе пукне ги поканува бактериите во матката, што може да резултира со инфекција на мајката или на фетусот“, вели Абдур-Рахман.

На крајот, Абдур-Рахман предупредува: „Ако ви пукне воденикот додека пливате, треба веднаш да излезете од базенот и да побарате медицинска помош“. Додека има многу други придобивки од пливањето во базен додека сте бремени, за жал, времето за породување не е една од нив. Но, разладувајте се и олеснувајте го притисокот во зглобовите додека сте на средината на бременоста. Телото ќе ви биде благодарно.

Автор: Аби Бервагер Шриер

Извор



912

X