Еден од моментално актуелните проблеми на родителите на ученици е и претераното користење на електронските уреди. Дали и на кој начин децата би требало да ги заштитиме од штетното влијание на екраните, советува специјалистот по офталмологија д-р Милорад Љутица.

Пандемијата на коронавирусот донесе нагли промени во животите на сите луѓе на светот, но и најмладите се најдоа пред едно сосема ново и непознато искуство. Набрзо книгите беа заменети со ТВ-екраните и децата станаа волшебници за технологија – тетратките станаа интернет-платформи, а домашните задачи се преселија на вибер-групите.

На кој начин ваквото следење на наставата и нужно поминување време пред екраните влијаело врз видот на детето?

– Вистина е дека децата во изминатите 2 месеца, колку што трае коронавирусот, седат многу повеќе пред телевизор од проста причина што мораат да ја следат наставата. Меѓутоа, јас не мислам дека гледањето телевизија или играњето игри го менува значително диоптрискиот статус на окото кај детето. За да дојде до влошување на односот помеѓу очите, мора да постои одредена основа, па затоа до влошување може да дојде и ако детето држи книга и ако држи таблет. Разликата помеѓу книгите и таблетите е во тоа што децата главно на таблет гледаат интересни содржини, па поретко трепкаат.

Од друга страна, доколку е лошо осветлувањето во собата, тогаш таблетот е во предност во однос на книгата бидејќи постои заднинско осветлување благодарение на кое детето гледа подобро. Не сум некој што се застапува за машините – мислам дека и за нас и за децата е подобро времето да го поминуваме во природа отколку со електронски уреди, но денес тие уреди донесуваат голем број информации и ако ги искористиме за учење, а не толку за играње, тогаш можат да бидат многу корисни – смета д-р Љутица.

Но, доколку детето поминува многу време користејќи го телефонот блиску до очите, може да настапи одреден грч на фокусирањето и како последица на тоа да има заматен вид, повремена мала конфузија, дупли слики, солзење на очите. Доколку детето пред телевизорот или таблетот/телефонот поминува до 2 часа дневно, тоа е прифатливо. Секако, на родителите им предлагам да ги одбираат содржините и на тој начин да прават некој вид компромис – советува д-р Љутица.

Извор



912

X