Дебатата што е отворена околу носењето маски и развојот на децата стана голем проблем кој ги дели родителите. Некои веруваат дека задолжителното носење маска, особено кај помалите деца на училиште, може да им го попречи искуството за учење.

Експертот за детски емоции Ешли Руба истакнала дека училишните деца во своите рани години од развојот се во многу важна фаза. Треба да го научат јазикот и фацијалните експресии, да ги сфатат задачите, емоциите и другите работи во нивната околина. Многу родители се грижат дека таа критичка фаза може да биде попречена од носењето маска. Сепак, пред пандемијата, студија спроведена во 2012 година, утврдила дека децата под 9 години се заинтересирани набљудувачи на фацијалните експресии околу очите, без разлика дали личноста со која разговараат го има покриено лицето или не. Руба, исто така, истражувала 80 училишни деца на кои им биле покажувани фотографии од луѓе со јасни и со покриени лица и ги прашувала децата дали можат да кажат која експресија покажува лутина, страв и тага. Студијата покажала дека децата можат точно да ја идентификуваат емоцијата на фотографиите со непокриени лица во 66 отсто од случаите. Додека се мачеле да ги препознаат емоциите кај лицата со маски, нивната веројатност за точно погодување на фотографиите била за 17 проценти повисока од очекуваното.

– Дури и кога маска ги покрива носот и устата, децата можеа да ги идентификуваат овие емоции на ниво повисоко од само случајно погодување – истакнала Руба. Други експерти, пак, веруваат дека децата лесно ќе го надминат и пребродат влијанието од носењето маски. Исто така, велат дека ризиците ќе бидат поголеми и посмртоносни ако децата се заразат со вирусот доколку се движат незаштитени.

Земање предвид на мерките за задолжително носење маски

Претседателот на САД, Џо Бајден, размислува за воведување универзална мерка за носење маски во сите јавни училишта. Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, истакнал дека родителите треба да одлучат за своите деца. Тој, исто така, се согласил со еден психијатар кој рекол дека принудувањето на децата да носат маски на лицето е еднакво на злоупотреба на децата.

Ниско ниво на кислород, грижи околу дишењето

Настрана од штетите при учењето, некои родители се загрижени дека нивните деца ќе развијат проблеми со дишењето или дека ќе имаат ниско ниво на кислород во организмот ако ги носат маските од 6 до 8 часа дневно. Сепак, д-р Дејвид Г. Хил од Американската асоцијација за бели дробови ги отфрли тие мислења бидејќи сите лекари носат маски постојано во болниците. Тој додал дека оваа заштитна маска е дизајнирана токму на начин на кој дишењето ќе биде нормално. „Нема таков доказ дека доаѓа до вдишување на ниски нивоа на кислород“, истакнал лекарот.

Студија во која се наведува дека децата што носат маска се соочуваат со предизвици при дишењето беше повлечена од „ЈАМА педијатрикс“.

Автор: Лилијан Скот

Извор



912

X