Вината на родителите може да започне дури и пред да ви се роди бебето. Може да започне со вашиот избор за време на бременоста – дали јадевте доволно овошје и зеленчук во текот на тие 9 месеци? Па откако ќе дојде бебето, тука е доењето/адаптираното млеко, заедничкото спиење/плачењето, одржувањето распоред/одењето според желбите на бебето.

Вината може да се појави во многу фази од родителството.

Вината на мајката не е олеснета ако детето е пребирлив јадач. Тоа стресно чувство што се јавува кога вашето дете одбива да јаде сѐ освен макарони. Секако, чувството на вина постојано ве следи и постојано се прашувате дали сте можеле да се потрудите повеќе за да го поттикнете детето да јаде повеќе храна, дали не требаше да го изложете на прекрасниот вкус на помфриотот и брзата храна и дали некогаш ќе јаде салата.

Да, вината е вистинска. Но, важно е да знаете дека недостатоците во исхраната на детето не се толку екстремни.

Дали повеќето родители на пребирливи јадачи треба да се грижат?

Како нутриционист, ви кажувам дека не е толку страшно.

Пребирливите јадачи можеби ги задоволуваат повеќето потреби за хранливи материи

Бидејќи не постои официјална дефиниција за терминот „пребирлив јадач“, важно е да се запамети дека не сите пребирливи јадачи ги следат истите шеми на исхрана. Според податоците од 2018 година, има малку докази кои покажуваат дека да се биде пребирлив, ќе влијае негативно врз растот на детето на долг рок, особено ако вклучува храна од различни групи.

Сепак, има некои деца што не се хранат разновидно за да ги задоволат нивните потреби. Екстремното ограничување на храната секако може да има последици. Поради ова, некои пребирливи однесувања во исхраната може да бидат доста загрижувачки, па во таа ситуација добро би било да се обратите кај стручно лице.

Но, децата што јадат доволно количество храна и тоа разновидна, веројатно ќе ги задоволат повеќето од нивните потреби за хранливи материи. Децата што се класифицирани како „пребирливи“ имаат тенденција да јадат помалку зеленчук од „непребирливите“ деца, но се чини дека нивниот внес на овошје е сличен. Внесот на месо има тенденција да биде помал кај пребирливите јадачи, но се чини дека внесот на житарки и млечни производи не се разликува меѓу двете групи. Плус, запомнете дека многу житарки се богати со Б-витамини и железо.

Што се однесува до внесот на витамини и минерали, студиите покажаа дека просечните нивоа на некои микронутриенти (т.е. цинк и железо) биле над препорачаната диетална доза или адекватен внес и за пребирливите и за оние што не се пребирливи. Со други зборови, и пребирливите и непребирливите јадачи консумираат доволно хранливи материи, вклучително и многу витамини, како што се витамините Б.

Фокусирајте се на хранливите материи кои го поддржуваат мозокот

Сепак, има неколку хранливи материи кои се недоволно внесувани кај сите деца, што не е конкретно проблем со пребирливите јадачи. На пример, омега-3 масните киселини како DHA и EPA и холин се есенцијални хранливи материи за здравјето и развојот на мозокот и традиционално се наоѓаат во храна која многу деца обично не ја јадат доволно, вклучувајќи ја и рибата.

Дури и возрасните не консумираат доволно риба.

Како да се поддржат пребирливите јадачи?

Ако сте родител на пребирливи јадачи, време е да го прекинете циклусот на вина. Иако постојат стратегии што можете да ги усвоите за да ја поддржите исхраната на вашето дете, важно е да запомните дека во многу случаи селективните јадачи консумираат повеќе хранливи материи отколку што можете да сфатите.

Запомнете, пребирливото јадење е вообичаено

Важно е да се запамети дека пребирливото јадење е релативно вообичаено, а повеќето деца на крајот ќе го надминат.

Иако може да биде загрижувачко да го гледате вашето дете како целосно избегнува одредена храна богата со хранливи материи, како јајца, риба и зеленчук, има некои чекори што можете да ги преземете за да му помогнете да ги пополни нутритивните празнини.

Се разбира, за секоја загриженост треба да разговарате со педијатарот на вашето дете за да се осигури дека чекорите што ги преземате се соодветни за потребите на вашето семејство, бидејќи секое дете е различно.

Извор



912

X