Автоматските автомобили се следната иновативна работа во автомобилската индустрија. Но, таа иновација го покренува прашањето – дали децата во иднина ќе научат да возат автомобил.

Неколку експерти предвидуваат дека децата родени оваа година никогаш нема да добијат возачка дозвола, според „Мотор тренд“. Ова предвидување има смисла поради фактот што повеќето од лидерите во индустријата предвидуваат дека автоматските возила ќе станат вообичаени на нашите патишта во следните 10 до 15 години. Директорот на автономниот возачки тим на „Гугл“, исто така, тврди дека негова главна цел е да се осигури дека неговиот 13-годишен син никогаш нема да научи да вози автомобил. Ова би значело дека автономните возила ќе бидат достапни на пазарот до крајот на 2020 година – амбициозна цел (која веројатно нема да се оствари).

Потенцијалот на автономните автомобили

Помислата дека децата на нашите деца нема никогаш да возат автомобил звучи апсурдно, со оглед на масивната историја на автомобилската индустрија. Автомобилите секогаш биле и ќе бидат поле на интерес што предизвикува возбуда, носталгија и потсетува на добрите времиња. За многумина, возењето автомобил е забава. Исто така, голем дел од возачите не возат за да стигнат некаде, туку за да се забавуваат и да уживаат во искуството. Па, ако нашите деца никогаш нема да возат автомобил, дали тие ќе го пропуштат тоа уникатно искуство? Мора да се гледа на ситуацијата од различни перспективи. Изгледа неверојатно што во наредните 16 години ќе постојат регулации според кои сите автомобили ќе бидат автоматски. Ова би значело дека сè уште ќе има опции за оние што ќе сакаат да возат автомобили и олдтајмери. Сепак, за 16 години многу е веројатно дека технологијата и регулацијата ќе дозволат автоматски автомобили на патиштата, па дури и ќе регулираат сите автомобили да бидат автоматски заради поголема безбедност.

Дали тоа што ќе нема луѓе-возачи ќе биде подобра опција?

Нашите деца можеби ќе го имаат изборот да возат автомобил, но веројатно никогаш нема да треба да возат автомобил ако не сакаат. Како родител, лично се надевам дека моите деца никогаш нема да возат автомобил од една главна причина – безбедност. Стапката на сообраќајни несреќи за млади возачи (16-19) е 2,7 пати повисока отколку кај која било друга возрасна група. Генерално, луѓето не се добри во возење. 94 отсто од сите сообраќајки со моторни возила биле предизвикани од човечка грешка. Тоа значи дека 94 отсто од сите несреќи можеле хипотетички да бидат спречени, со имплементација на автономни возила (во идеална ситуација). Ако компјутер го вози вашиот автомобил, тоа ќе значи поголема безбедност отколку да го возите автомобилот вие. Исто така, имате повеќе слободно време бидејќи возењето автомобил одзема време и е една од најчестите секојдневни активности. Со автоматските автомобили ќе имаме повеќе време. За децата од иднината, тешко ми е да замислам дека повеќето ќе сакаат да возат автомобил без дистракција отколку да седнат назад и да се опуштат – веројатно на нивните паметни телефони, но тоа е сосема друга тема.

Па, дали нашите деца ќе треба да добијат возачка дозвола? Веројатно не, но не гледам опција во скора иднина која ќе подразбира исчезнување на мануелните автомобили. Иднината на автомобилите најверојатно ќе биде автономна, но изборот дали да се вози автомобил ќе остане таков – право на избор.

Автор: Тревор Инглиш

Извор



912

X