Децении наназад родителите им ставаат обетки на своите ќерки уште додека се мали и тоа веројатно е добра одлука ако се помисли на моментот дека нема да се сеќаваат на болката или на трауматскиот настан. Сепак, се поставува прашањето кога е вистинско време да му се дупнат ушите на детето и што треба да направите.
Педијатрите советуваат обетки да се стават откако бебето ќе наполни шест месеци или подоцна.
– Кога се дупчи увото, постои можност за добивање разни инфекции бидејќи кај децата помали од шест месеци сè уште се развива имунолошкиот систем, па ги советувам родителите да почекаат нивното бебе да наполни најмалку шест месеци – објаснува Венди Су Свансон, педијатар од Сиетл.
Друг важен совет е пред да им ги дупнат ушите на децата, родителите да ги однесат на дерматолог за да утврдат дали постои ризик од алергиски реакции. Важно е процесот на дупчење на ушите да се одвива на сигурно и безбедно место.
Педијатрите советуваат дека двете недели по дупчењето на ушите се најпроблематични и дека ова е периодот кога може да се појави инфекција, па се советуваат родителите да бидат внимателни и за дезинфекција на ушите да користат сè што ги советувал експертот.