Во воспитувањето на детето и денес донекаде е раширено мислењето дека детето треба рано да се научи дека животот е тежок и дека родителот не треба да реагира на секоја негова желба, за да не биде разгалено.
Ако ве боли додека детето плаче, слободно кренете го, понудете му нежна прегратка, вашите топли раце и нежните зборови. Не е точно дека премногу љубов може да го расипе детето.

Ова само ќе му даде сигурност и доверба во вас и во иднина тоа побрзо ќе стане независно, побрзо ќе напредува и полесно ќе научи да се сака себеси и да бие внимателно кон другите. Децата учат од нашите примери.
Можеби децата ќе се „научат“ на вашите раце и ќе сакаат да ги држите често, но како што созреваат, тие сè повеќе ќе сакаат да се движат и да го истражуваат светот околу нив.
Тој период во животот нема да трае вечно. А додека трае, овозможете му го физичкиот контакт што го бара детето. Најдобро е сами да одлучите како и во која мера да му ја дадете на детето топлината на вашите раце, па дури и на вашиот кревет.