Стручњаците велат дека зимата е идеално време за забременување, а тоа го потврдува и фактот дека најголем број деца се раѓаат во есен. Според некои истражувања, мажите се поплодни  на ниски температури бидејќи концентрацијата и подвижноста на сперматозоидите тогаш се највисоки, а високите температури влијаат врз забавувањето на функцијата на теститите.

Постои причина зошто тестисите се наоѓаат надвор од телото, имено затоа што за производство на сперма потребна е одредена температура. Се препорачува избегнување на сауни, жешки бањи, но и тесни панталони и долна облека.

– Тесните панталони и долна облека ја зголемуваат температурата на тестисите блиску до телесната од околу 37 степени, со што се намалува спермогенезата. Тестисите се надвор од телото затоа што им одговара пониска температура од телесната, а секое притискање до телото со тесна облека ја зголемува температурата – објаснува гинекологот Ерден Радончиќ и додава дека што се однесува до електрониката, држењето на лаптопот во скутот или мобилниот околу појасот, мислењата се поделени.

– Многумина веруваат дека тоа е дополнителен проблем, меѓутоа, засега не постојат реални научни докази. Но, препорака е при контроверзните прашања да се настојува да се елиминираат потенцијалните лоши навики сè додека не се докаже нивната реална улога – истакнува тој.

Нивото на сперматозоиди наутро е највисоко

Исто така, некои истражувања покажаа дека нивото на сперматозоиди наутро е повисоко во споредба со другите делови од денот, а причина може да биде пониската температура на тестисите наутро. Нивото на машки хормони е на врвот по будењето, што е и причина за утринска ерекција. Но не грижете се, ако не сте расположени или немате време за секс наутро, можете да забремените и во друг период од денот.

– Нивото на тестостерон во дневниот ритам кај мажите е максимално наутро, околу 8 часот е максимална циркулацијата на крвта, но сперматозоидите се веќе претходно создадени и складирани во помошниот канакуларен систем – епидидимисот, а нивното создавање и созревање трае околу два и пол до три месеци – вели гинекологот Радончиќ.

„Токсичен“ јуни

Исто така, жените што забременуваат во текот на зимските месеци раѓаат поголеми бебиња, а стручњаците тоа го објаснуваат со поразновидната исхрана во текот на пролетните месеци кога ќе помине гестацијата и кога плодот најинтензивно се развива.

Најлош месец за забременување е јуни поради големите количини пестициди во воздухот кои негативно влијаат врз најчувствителниот период од бременоста – првото тримесечје, па затоа научниците го нарекле „токсичен“.

 



912

X