Многу сопственички на мачки тврдат дека нивните миленици „ја чувствуваат“ бременоста уште пред тестот да покаже позитивен резултат. Стануваат поприврзани, постојано ја следат трудницата или, пак, се оддалечуваат. Но, постои ли научен доказ за тоа?
Што велат експертите?
Иако нема конкретни научни докази дека мачките точно знаат кога некоја жена е бремена, експертите велат дека можат да забележат промени во мирисот, однесувањето и телесната температура на сопственичката.
– Нема цврсти докази дека мачките свесно препознаваат бременост. Но, тие реагираат на физиолошките промени во телото на бремената жена како што се хормоните и промените во однесувањето – вели д-р Микел Делгадо, експерт за однесување на мачки.
Гинекологот и авторка на книгата „Моќно мајчинство“, д-р Ебони Џенуари, додава дека најверојатно се работи за комбинација од мириси, телесна топлина и емоционални сигнали што мачките мошне лесно ги препознаваат.

Знаци дека мачката чувствува промени
Според д-р Ајми Ворнер, ветеринар-хирург, сопствениците најчесто ги забележуваат следниве промени во однесувањето на мачката:
- Поголема потреба за галење и приврзаност;
- Го следи сопственикот низ домот;
- Лежи покрај стомакот;
- Се однесува заштитнички;
- Се повлекува ако почувствува стрес кај сопственичката.
Зошто мачките се поприврзани за време на бременост?
Една од причините е покачената телесна температура на трудницата, што мачките го доживуваат како пријатно. Освен тоа, мачките умеат да ги препознаат емоционалните промени и заморот, и на нив реагираат со приврзаност и барајќи и нудејќи утеха.