Цимолењето и лелекањето може да го налутат и полудат дури и најтрпеливиот родител до тој степен што редовно попушта на барањето на детето само за да го прекине.

Додека некои деца се откажуваат од оваа навика во прво или второ одделение, кај други оваа навика може да потрае малку подолго. Повеќето родители бараат од нивните деца да престанат да лелекаат и да се жалат, но тоа веројатно нема да го спречи детето ако е лошо расположено, фрустрирано, уморно, гладно или нерасположено.

Иако малите деца може да имаат проблем да го контролираат своето лелекање на околу 3 или 4 години, детето треба да може да ги кажува истите зборови без да се жали. Прашањето е како можат родителите да ги натераат да го променат тонот на гласот?

За среќа, постои едноставен трик со кој родителите можат да го спречат тажењето и лелекањето како навика. Иако многу родители се свесни за оваа техника, честопати не им успева кога ја пробуваат бидејќи не се придржуваат до клучниот услов за поставување граници и вложување напори за промена на навиката, што е апсолутна 100 отсто конзистентност.

  1. Од детето треба да побарате да зборува со нормален тон, а не со бебешки глас. Треба да му кажете дека бебињата плачат и лелекаат, а тоа веќе не е бебе.
  2. Игнорирајте го лелекањето. Ако сте кажале не со смирен глас, па дури и му објаснивте зошто не може да добие нешто, детето ве слушнало, со игнорирање на плачењето му покажувате дека нема да ја промените вашата одлука.
  3. Дајте му на детето алтернатива и можност за избор. Ако сака чоколадо пред појадок, кажете му: „Гледам дека си вознемирен што не можеш да јадеш чоколадо, но затоа можеш да појадуваш нешто друго. Сакаш житарки или сендвич?“

За да функционира оваа техника, родителите мора да реагираат на овој начин и со 100 отсто конзистентност додека не се промени навиката. Колку сте поистрајни, толку побрзо ќе се промени навиката.

Извор



912

X