Кандидата често се јавува во текот на бременоста и може да биде многу упорна. Кандида е бактерија која се наоѓа во нашиот дигестивен систем. Како по правило, таа се населува во долниот дел на цревата, но ако има прекумерно ширење на оваа габа, може да достигне и до други делови од телото, како што е вагината. Нејзината улога во организмот не е штетна бидејќи воспоставува рамнотежа во цревата. Меѓутоа, ако се наруши работата или ако се размножи премногу, тогаш можеме да ги почувствуваме последиците.
Симптоми и последици: Дали е опасна во текот на бременоста?
Она што е научно докажано е дека овој тип бактерии не можат да ги загрози бременоста и бебето. Единствено што може е да биде многу непријатна и бара брз третман, бидејќи за време на породувањето или подоцна при доењето кандидата може да се пренесе од мајката на бебето и обратно, што е потешко да се излекува. Доколку бремената жена за време на породувањето има потешка форма на кандида, лекарите често одлучуваат да го породат бебето со царски рез, за детето да не помине низ породилниот канал кој е заразен со кандида.
Кандида е особено опасна за предвремено родените бебиња, чиј имунолошки систем е значително послаб. Ова е уште една причина зошто е пожелно да се излекуваат бактериските инфекции навреме – но најважно е што оваа бактерија не може да биде причина за предвремено породување.
Лесно ќе ги почувствувате симптомите на кандида, особено во вагиналната област:
-непријатно чувство за време на сексуалниот однос
-белузлав и густ секрет
-црвен исип, осетливост и чешање
-горење при мокрење
Третман и превенција
Некои гинеколози ќе препишат лекови на рецепт или ќе препорачаат лекови без рецепт. Општо земено, третманот на кандида се врши со масти или вагинални гелови кои содржат клотримазол, но многу е важно да не земате лекови самостојно бидејќи некои можат сериозно да му наштетат на бебето.
Третманот обично трае седум дена. Пократките третмани што можеби сте ги имале претходно додека не сте биле во друга состојба не се толку ефикасни кај трудниците, поради што ќе мора да се придржувате до пропишаниот третман. Може да поминат неколку дена откако ќе го започнете третманот пред да почувствувате какво било подобрување.

Се препорачува да се избегнуваат слатките, чоколадите и овошјето кое содржи многу шеќер. Покрај тоа, треба да се избегнуваат сложени јаглехидрати, како што се прекумерни млечни производи, месо, сирење, леб, тестенини и други. Бремените жени, исто така, треба да внимаваат да не се здебелуваат премногу, да носат памучна долна облека, редовно да се пресоблекуваат и да избегнуваат синтетичка и тесна облека.
Помала е веројатноста да добиете инфекција со кандида ако го одржувате гениталниот регион сув и вагиналната флора балансирана бидејќи габата напредува во топла и влажна средина. Избегнувајте парфимирани сапуни, бањи и силни детергенти за перење. Утврдено е дека овие производи не придонесуваат за раст на габите, но најдобро е да ги избегнувате бидејќи можат да предизвикаат иритација на гениталиите. Јогуртот, кефирот и другите пробиотици можат да бидат многу корисни во регулирањето на природната рамнотежа на бактериите и се добар извор на протеини и калциум. Свежото овошје не е само добра и здрава храна, туку помага и за зајакнување на имунолошкиот систем што помага да се спречат инфекциите со кандида во бременоста.
На трудниците, исто така, им се препорачува секојдневно да пијат многу вода за да се отстранат токсините од телото и да се подобри работата на гастроинтестиналниот тракт. Со цел да се избегне инфекција со кандида за време на бременоста, многу е важно да се храните здраво и да останете здрави. Бременоста е придружена со многу хормонални промени и треба да бидете подготвени за тоа.
Автор: Сандра Крстановиќ