Да се ​​биде најстарото дете во семејството има свои предности, но не е без недостатоци. Повеќе дозволи, но и поголема одговорност. Повеќе привилегии, но и повеќе прозивања…

„Ти си најстара, треба да се грижиш за помладите. Ти си најстара, ти си одговорна за твоите браќа и сестри. Ти си најстара, мора да си најмудра. Ти си најстара, од тебе се очекува…“

Ако сте најстарата ќерка во семејството, сигурно ви се познати сите овие сценарија и изјави. Да се ​​биде најстарото дете во семејството со себе носи многу позитивни работи, многу предности, но и многу помалку позитивни работи.

Кети Мортон, лиценциран семеен терапевт, наведува осум знаци на „синдром на најстара ќерка“ во видеото на „Тик-ток“, кое е прегледано повеќе од 6 милиони пати. Неодамна во „Њујорк тајмс“ било објавено интервју со неа под наслов „Зошто големата сестра ти замерува“.

Според Мортон, осумте знаци што укажуваат дека имате „синдром на најстара ќерка“ се:

-Интензивно чувство на одговорност.

-Постигнување голем успех, стремеж за истакнување и висока мотивација.

-Многу грижи и можеби анксиозност.

-Склоност да се однесувате на начин што ги радува другите.

-Тешкотии со поставување и одржување граници.

-Замерки кон браќата и сестрите и семејството.

-Борење со чувствата на вина.

-Тешкотии во односите со возрасните.

Кети Мортон предупредува дека „синдромот на најстарата ќерка“ не е официјална ментална здравствена дијагностика, а таа го дефинирала како „единствен притисок и одговорности кои се ставаат врз грбот на најстарата ќерка во семејството“.

@katimorton The 8 signs you have eldest daughter syndrome… #eldestdaughter #siblings #siblingcheck ♬ original sound – Kati Morton, LMFT

Во оваа дефиниција може да се најдат најстарите сестри низ целиот свет. Тоа го докажале и во коментарите, каде што многумина признале дека нивната положба во семејството е често стресна.

Некои експерти, од друга страна, тврдат дека најстарите ќерки во семејството често се однесуваат како „бонус родители“ кои се како мост меѓу нивните семејства и надворешниот свет. Тие го носат најголемиот товар од финансиските и социјалните притисоци врз родителите и го преземаат менталниот и емоционалниот труд на домаќинството.

Мортон вели дека нејзината објава на „Тик-ток“ веројатно погодила многумина „бидејќи на луѓето им зборувала за одредено прашање врз кое тие немале контрола“. Многумина почувствувале олеснување затоа што конечно можеле да си кажат: „Не сум сама. Не сум луда. Јас сум само најстарата ќерка“.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X