Порано децата не се фалеа толку многу. Потоа сфативме дека треба да ги фалиме затоа што така се зголемува нивната самодоверба. Но, тука повторно потфрливме и предизвикавме нови проблеми. Додека децата порано мислеа дека не знаат и не можат ништо, денес мислат дека се најпаметни и дека сè е натпревар.

Сите ќе се согласите дека децата треба да се пофалат кога ќе направат нешто правилно и успешно. Но, тоа го правиме премногу често така што ги фалиме интелигенцијата на детето, паметот, убавината… карактеристиките за кои тоа не вложило никаков труд, неговите доблести и предности што ги има уште од раѓање.

Ако сакаме да ја подигнеме самодовербата на детето, не треба да ги фалиме неговите доблести, туку вештините што ги стекнало со труд. Бидејќи детето стекнува самодоверба така што ја зајакнува вербата во своите способности, напори и знаењето дека може да напредува со упорност. Ако го разбереме ова, тогаш е јасно дека со пофалбата дека е паметно нема да ја поддржиме неговата доверба. Напротив, му кажуваме дека не мора да се труди бидејќи и онака е паметно, а тоа ќе го фрустрира при секоја препрека, така што брзо ќе се откажува од секоја тешка задача.

Немојте да го споредувате детето и притоа да се омаловажите себеси

Друг лош начин за пофалба на детето е кога родителот искрено му дава пофалби со тоа што ги намалува своите способности. Не е проблем во тоа што сте искрени, но потенцирате погрешна работа кога велите: „Супер нацрта, подобро отколку што јас некогаш сум цртал!“ или „Толку си паметен, што тебе математиката ти оди како од шега. Јас ни денес не пресметувам толку брзо!“

Кога ги фалите на овој начин, ги учите дека треба да се споредат со другите и дека колку и да се добри во нешто, се дефинираат со тоа колку се подобри од другите. Исто така, ги учите дека нивниот успех ги прави другите несреќни и дека треба да се чувствуваат лошо кога другите се подобри. Прво се предизвикува натпревар, а потоа завист.

Никогаш не треба да заборавите дека успехот на детето нема никаква врска со неуспехот на еден човек, туку е поврзан само со сопствениот труд.

Затоа речете му: „Супер нацрта. Веројатно и јас така ќе научам да цртам ако многу вежбам и ако се трудам!“ или „Горд сум што толку се потруди и се сконцентрира точно да ги решиш задачите“. Со тоа го насочувате вниманието на вашето дете кон она што е важно – за успех треба да се потруди!

Извор



912

X