Хормоните во бременоста дивеат, а многу жени ќе забележат дека одлично им влијаат врз косата. Побрз раст, посјајна коса и помалку опаѓање е она низ што поминуваат сите трудници, а иако повеќето од нив се среќни поради тоа, жените што ја фарбаат косата се жалат затоа што мора да го прават тоа почесто.

Првите 13 недели се време на брз развој на бебето, па многу трудници се прашуваат дали треба да ја фарбаат косата во тој период? Иако нема да апсорбирате многу хемикалии од боите за коса, нема цврсти докази дека тие се штетни за вашето бебе. Боењето на корењата и менувањето на бојата значи дека бојата се нанесува на косата и скалпот, каде што порите на кожата апсорбираат хемикалии кои можат да влезат во вашиот крвоток. За побезбедна алтернатива, испробајте техники каде што бојата не се нанесува на скалпот, туку само на косата – на пример, прамени или преливи.

Многу експерти ги советуваат трудниците да почекаат до почетокот на второто тримесечје за да ја бојадисаат косата.

Кажете ѝ на фризерката дека сте бремени

Доколку сте решиле да одите во фризерски салон за да ја средите косата, задолжително кажете дека сте бремени. Оваа информација ќе им значи многу на фризерите бидејќи ќе се трудат да ги избегнат штетните и агресивни хемикалии, а исто така можат да ве советуваат да го направите најблагиот можен третман.

Користете поблаги бои, без амонијак и секогаш читајте ја декларацијата за бојата со која ќе се фарбате.

Боење на косата дома

Ако одлучите да се фарбате дома, отворете ги прозорците во просторијата каде што се фарбате за да циркулира воздухот и да не ги вдишувате овие хемикалии.

Задолжително носете заштитни ракавици, а за дополнителна заштита облечете кошула со долги ракави. Следете ги упатствата на производителот и чувајте ја бојата на вашата коса до минималното препорачано време, па кога ќе дојде време да ја измиете косата, измијте ја темелно.

Бојата може да биде различна

Имајте на ум дека поради хормоналните промени, вашата коса може да реагира поинаку, па можеби нема да ја добиете бојата што ја очекувавте иако ја користите истата боја. Пред да ја нанесете на целата коса, можеби е попаметно да ја нанесете на едно праменче за да видите каква боја ќе добиете.

Извор



912

X