Безбедноста на децата во сообраќајот е исклучително важна бидејќи децата се особено ранлива група учесници во сообраќајот. Исто како и сите други, велосипедистите мора да ги почитуваат правилата што им се пропишани во сообраќајот за да стигнат од точка А до точка Б што е можно побезбедно. Видеото од возењето на петгодишен велосипедист предизвика жестока дебата меѓу корисниците на „Твитер“, но и меѓу англискиот водител Џереми Вајн и поранешниот британски министер за здравство Саџид Џавид.

Имено, на видеото објавено на „Твитер“ се гледа како момче вози велосипед на улица во Кингстон, југозападен Лондон.

Од другата страна доаѓа автомобил и поминува во близина на момчето, на што родителот, кој го снима синот одзади, го критикува возачот дека не застанал. Англискиот водител Џереми Вајн, познат љубител и застапник на велосипедизмот, го нападна возачот на „Твитер“, што предизвика жестока дебата меѓу корисниците, а главното прашање е кој навистина е виновен – момчето или возачот на автомобилот.

„Таткото на петгодишното дете е виновен“, одговори поранешниот министер Џавид. За инцидентот се огласи и таткото кој го снимил синот.

„Како можеме да очекуваме родителите да ги пуштат своите деца да возат велосипед до училиште ако соседите вака ги возат своите автомобили?“, напишал и додал дека неговиот син има пет години, а инцидентот се случил на околу сто метри од неговата куќа.

„Така се случува кога не обезбедувате безбедна велосипедска инфраструктура околу училиштата или на патот кон училиште. Денеска тоа му се случи на моето дете, утре може и на вашето“, предупреди тој, предизвикувајќи поплава од реакции.

„Не гледам проблем во тоа што се случи“, „Зошто и онака петгодишно дете вози велосипед на пат“, напишале некои корисници.

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X