За оние бебиња на кои цицањето им претставува задоволство и кои ја ставаат потребата за тоа над хранливите потреби, цуцлата може да биде корисна во текот на сонот.

Кога смеам да му дадам цуцла на бебето?

Доколку бебето се дои, почекајте да наполни еден месец за да му дадете цуцла, бидејќи прво е важно да бидете сигурни дека сте воспоставиле навика на доење, но никако немојте да дозволите цуцлата да биде замена за истото. Нишајте го, пејте му, галете се со него за да го успиете. Изгаснете го светлото и пуштете тивка музика. Но, пред да заспие, бидете сигурни дека бебето е сито.

Дали моето бебе смее да спие со цуцла?

Кога се работи за користење цуцла во текот на сонот, постојат и такви кои се за и оние што се против. Некои студии дури покажуваат дека имањето цуцла во текот на сонот може да го спречи синдромот на изненадна смрт. Од друга страна, оние бебиња што користат цуцла по шестиот месец се склони на инфекции на увото, габични инфекции, како и инфекции на цревата.

Имено, зависноста од цуцла може да има лошо влијание врз родителите. Будењето во текот на ноќта за да го смирите расплаканото бебе и да и му ја најдете цуцлата е навистина исцрпувачко. Од друга страна, доколку вашето бебе е настинато и тешко дише низ нос, ќе му биде многу потешко доколку зависи од цуцлата.

Како влијае цуцлата врз развојот на забите?

Доколку го одвикнете вашето дете од цуцла до петтата година, нема да мора да се грижите за тоа дека детето ќе има долгорочни дентални проблеми. Причината за тоа е што детето во тие години има млечни заби, додека трајните, општо гледано, не се појавуваат пред шестата година. Затоа, не заборавајте да му споменете на стоматологот на вашето дете дека тоа користи цуцла за да провери дали постојат потенцијални проблеми.

Извор



912

X