Здравје

Дали е нормално тримесечно бебе да сака да стои?

Дали е нормално бебе старо 3 месеци да стои на нозе?

Нормално е доенчето до крајот на вториот месец од животот, кога ќе го ставиме во вертикална суспензија, да прави лесно оттурнување од подлогата и да има примитивен рефлекс за автоматски од. Тој рефлекс во третиот месец се губи и во добата од третиот до четвртиот месец, кога бебето ќе се постави вертикално на подлога, ги подигнува колковите и колената – нешто што го нарекуваме астазија и абазија. Дури во петтиот месец се јавува повторно повремено потпирање со прстите на подлогата.

Ако сè друго кај вашето бебе е невролошки уредно (состојба што ја проценува примарниот педијатар), односно нема елементи кои би укажувале на зголемен тонус на мускулите во смисла на непримерен невролошки развој, поставувањето на ножиња не би требало да значи ништо патолошко, но сепак немојте да го поставувате во таа положба бидејќи е премало.

Автор: Ива Палчиќ, педијатар

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top