Возењето автомобил во бременоста не е забрането, но претпазливоста мора да биде поголема. Јасно е дека покрај физичките промени, трудниците поминуваат и низ психички промени, кои можат да придонесат за пад на концентрацијата, задоцнета реакција, па дури и замор и ненадејна болка, што може да биде многу опасно во сообраќајот.

Помалите сообраќајни несреќи може да доведат до абрупција на плацентата, продолжени контракции, па дури и потреба од индуцирано породување, покажало ново истражување. Студијата, која била објавена во списанието „BMJ Injury Prevention“, покажала дека дури и оние бремени жени што возеле по пат со пукнатини, или често преминувале „лежечки полицајци“, имале 70 проценти поголеми шанси да доживеат абрупција на плацентата, 54 проценти поголеми шанси за индуцирано породување и 34 проценти поголеми шанси за продолжени контракции.

Абрупција на плацентата е состојба кога плацентата се одвојува од ѕидот на матката, делумно или целосно, што може да предизвика крвавење кај мајката и да го попречи снабдувањето на бебето со кислород и хранливи материи. Ова важи и за трудниците кои возат скутер, па во тој случај ризикот од компликации при породување е поголем отколку ако возат автомобил.

Авторот на студијата, д-р Чанг Ји Ли, објаснил: „Овие наоди го потврдуваат фактот дека лекарите треба да бидат свесни за сите ризици – дури и за најмалите. Потоа, според бременоста да проценат колку е безбедно трудницата да биде на возачкото седиште“.

Извор



912

X