Многу родители јаделе снег кога биле деца. Тоа е генерацијата што пиела вода од црево и јадела земја, но тоа не изгледало како нешто за што би требало да се грижат во тие времиња. Сепак, сега тие луѓе еволуирале и пораснале, па научиле дека некои постапки од порано се опасни – па се отвора прашањето дали јадењето снег е опасно.

Снегот отсекогаш бил интересен за децата. Сакаат да гледаат додека паѓа, сакаат да излегуваат надвор и да играат на снег и сè уште сакаат да се фрлаат во снегот. Дали е освежувачки да се јаде снег или е потенцијална опасност за децата? Одговорот вклучува комбинација на наука и здрав разум.

Што содржи снегот?

Кога се работи за основата на снегот, тогаш станува збор за вода, според „Премиер хелт“. Кога воздухот надвор е доволно ладен, водата се смрзнува и паѓа во форма на снегулки. Исто така, може да содржи и компоненти кои ги собира додека паѓа надолу. Кога снегот паѓа на земјата, може да собере и честички од воздухот. Научниците го испитувале снегот и го откриле следното во него: кал, стари пестициди, црн јаглерод, па дури и хемикалии кои доаѓаат од издувните гасови на возилата. Овие состојки се собираат додека снегот паѓа на земјата, а можно е да се во поголеми концентрации ако денот е ветровит.

Почист снег на крајот од бура

Треба да се забележи дека првите снегулки ќе имаат највисоко ниво на контаминирани состојки бидејќи снегот „го чисти“ воздухот како што паѓа. Ако чекате до крајот на снежната бура, снегот ќе биде почист. Можеби е очигледно, но сигурно треба да се избегнува жолтиот снег, или кој било снег што добил друга боја. Ако сте во регион каде што има фарми, исто така избегнувајте го снегот – може да има остатоци од ѓубриво.

Дали јадењето снег е лошо или добро?

Добрите вести се дека не е толку лошо ако се консумира снегот. Научниците, исто така, заклучиле дека количината на контаминирачки состојки кои е можно да се во снегот не е ниту приближно доволна за да предизвика штета. Шансите дете да се разболи од една дланка снег се многу мали. На крајот на краиштата, има контаминирачки состојки секаде и на сè што јадеме, а секогаш повеќе се работи за концентрацијата на контаминацијата отколку за количината снег што ја консумирате.

Ако сакате тоа да биде вистинско уживање, однесете го детето на крајот од снежната бура и направете заедно корнети од снег. Тој ритуал е безбеден за да се продолжи со играње и консумација и може да се пренесува низ генерациите. Ако зборот контаминации сè уште ве прави малку нервозни, секогаш можете да се послужите со сладолед.

Автор: Ешли Вирли

Извор



912

X