Според мое мислење, пеперминтот е подобар од зачинот од тиква, па кога доаѓа празничната сезона, можете да го најдете насекаде низ мојот дом. Лижавчиња на елката, крем од пеперминт во моето кафе, малечки парчиња во колачињата. Не е изненадување што моето 3-годишно и моето речиси 2-годишно дете молат за бонбони со вкус на пеперминт. Да не споменувам и дека покажуваат со прстите секогаш кога ќе видат такви бонбони во продавниците – а тоа се случува често.


Неодамна ги оставив да јадат бонбони. Моето постаро дете помина добро иако имаше залепено црвен сируп насекаде, но помалото практично се задавуваше бидејќи се обидуваше да го изеде најтврдото лижавче. За да откриеме дали е безбедно да ги оставаме децата да јадат лижавчиња, педијатар ги кажува најважните работи во врска со таа тема.


Дали е безбедно моето дете до 2 години да јаде лижавче?


За жал, одговорот е не. Хедер Бауман, педијатар во детската болница во Далас, вели: „Иако лижавчињата се интересни за време на празниците, не би ги препорачала за децата до 2 години“. Шеха Кенан од виртуелната болница „АјКлиник“ се согласува: „Состојките од лижавчето ќе се заглават во мекото непце на децата и ќе предизвикаат задушување. Тврдите бонбони може да доведат до долготрајна изложеност на засладени супстанции и со тоа ќе се трасира патот кон кариес на забите. Исто така, децата може да ги повредат непцата додека се обидуваат да ги јадат лижавчињата. Ќе сакаат да гризнат, што ќе доведе до кршење на забот или некакво оштетување. Исто така, може да проголтаат и поголемо парче бонбона, што може да доведе до задушување“.


На колкава возраст може да јадат тврди бонбони?


Д-р Бауман се осврнува на изјавата од Американската академија на педијатри, која не препорачува тврди бонбони за деца под 4 години. Но, и 4-годишна возраст можеби е рана за вакво нешто, за некои деца. – Ако дете на која било возраст гризнува тврда бонбона и се мачи да ја голтне, би препорачала да се избегнуваат ваквите бонбони бидејќи може да дојде до задушување. Дополнително, гризењето тврда бонбона може да биде штетно за забите на сите деца од која било возраст – вели д-р Бауман.


Која е побезбедна алтернатива?


Д-р Бауман препорачува помеки слатки или божиќно колаче за децата, ако веќе им давате слатки. Кога детето ќе биде доволно возрасно за лижавче, д-р Канан препорачува родителите да вршат надзор над децата додека го јадат за да не дојде до несакан инцидент. Таа, исто така, препорачува четкање на забите веднаш по консумирањето храна која е премногу засладена за да се изврши превенција на кариес. Најдоброто сценарио би било овие слатки да бидат ретко консумирани, како и други типови слатки.

Д-р Бауман вели дека е добро да се ограничи внесот на шеќерот кај малите деца.


Родителите не треба да бидат строги во однос на празничната атмосфера, но додека децата се малечки, добро е да се избегнуваат празничните лижавчиња.

Автор: Сидни Елис

Извор



912

X