Бидејќи многу малку ги гледавме своите пријатели и семејството во изминатата 2020 година, секојпат кога тие ќе го видат мојот син се изненадени колку е пораснат. Всушност, изненадени е мал збор, бидејќи се вчудовидени. „Како се случи ова?“ се прашуваат, како неговиот постојан раст да е сигурен знак за родителско занемарување. Не дека станал џин, но луѓето едноставно имаат проблем да го следат растот на малите деца. Ефектот е уште полош кога се јавува дилемата кај повеќе далечни роднини кои се шокирани што во реалниот живот мојот син веќе нема 9 месеци, туку пораснал и се развил.
Во ваков случај, изгледа како детето да е заменето со друго, бидејќи сега неговиот лик е веќе формиран. Чудно е да се биде потсетуван дека детето расте, како да не сме сфатиле самите. Ние не сме го мереле во тежина и висина откако беше многу мал. Да не беше присутен фактот дека неговата облека веќе му е малечка и болката во мојот грб е премногу голема од тоа што го носев долг период, веројатно ќе претпоставев дека ќе остане со истата големина. Исто така мерка е и неговата коса.

Изгледа како вчера да се разбудивме и откривме дека има долга коса. Неверојатна е, но сега тој навистина изгледа поголем, како некој принц, а со неговиот акцент дава впечаток на мал англиски лорд, кој чека да биде послужен од неговите слуги. Сфаќам дека е време кога мора да се прифати фактот дека некои делови (бебешки) од неговото тело се веќе исчезнати. А ова е таа сурова шега за родителството – да се надевате дека сè ќе биде исто.
Го седнуваме на столче пред ТВ. Ги земам ножиците в рака, но се замрзнувам. Не можам да го издржам тоа. Ги оставам ножиците и посегнувам по маркер. „Во ред“, си велам, означувајќи ја неговата висина на вратата. „Ова ќе биде доволно засега“.
Автор: Симас О’Рајли