Колку и да ја презирате, повремената тага е составен дел од нашите животи. Како што објаснуваат психолозите, тагата е емоција од која никој не може да избега, па така и децата. Но, родителите често наидуваат на проблем кога не знаат дали нивното дете е тажно или депресивно, бидејќи за разлика од тагата што ќе помине со текот на времето, депресијата е болест која бара лекување.

Кога станува збор за децата, разликувањето на тагата од депресијата може да биде исклучително тежок процес за родителите. Но, тоа не е невозможно. Тагата е првенствено привремена емоција која обично е поттикната од одредена појава и не се случува сама по себе. Психолозите објаснуваат дека тоа е човечка емоција која се јавува во стресни периоди. Сепак, се појавува и останува кратко време. Неколку случаи може да предизвикаат тага кај децата. Тоа се претежно загуба на сакана личност, развод на родителите, расправија со пријател или лоша оценка.

Од друга страна, депресијата често е резултат на неколку различни фактори. За разлика од тагата, депресијата е ментално растројство кое може да влијае врз секојдневниот живот на детето и да ги попречи неговите секојдневни активности. Може да се појави во секое време, без очигледна причина и може да трае долго.

Знаците кои може да укажат дека вашето дете не е само тажно, туку и депресивно, вклучуваат чувство на обесхрабрување, тага без посебна причина, безнадежност, немање мотивација и губење на интересот за активности кои некогаш му биле интересни на детето.

Исто така, детето почнува да се повлекува во себе, да избегнува разговор и изгледа како да не го интересира комуникацијата, како со родителите така и со своите врсници.

Извор



912

X