Секогаш кога ќе помислите на типичната должина на бременоста, веднаш на ум ви паѓаат 9 месеци.

Но, излегува дека повеќето бремености не траат девет месеци и всушност постојат многу варијации. Додека кај некои би можела да трае 9 месеци, кај други би можела да трае до 10 месеци, а кај трети 8 месеци.

Бременоста обично се брои од првиот ден од последната менструација наместо од датумот кога бебето навистина било зачнато (што е обично околу две недели подоцна). Во 12. недела се прави ултразвучно скенирање, што може да го промени вашиот датум на породување во зависност од тоа колку е развиено бебето.

Кога сте бремени, датумот на породување обично се пресметува во 40. недела од бременоста, што е поблиску до 10 месеци.

Четири недели се 28 дена, но месеците (со исклучок на февруари), имаат 30 или 31 ден, што значи дека секој месец е долг околу 4,3 недели.

Тогаш, колку трае типичната бременост?

Истражувањата покажаа дека просечното време што бебето го поминува во утробата, од овулацијата до раѓањето, е 268 дена. Тоа се 38 недели и два дена. Тоа се 8 месеци, 24 дена и 16 часа, што значи не се 9 или 10 месеци, туку осум.

Но, ова може драматично да се разликува од личност до личност. Всушност, едно истражување утврди дека варијацијата тука е 37 дена. Значи, ако вие и друго лице сте добиле ист датум, вие може да се породите во еден термин, а другата личност 37 дена подоцна.

Некои фактори што се покажа дека ја продолжуваат бременоста се:

  • Подолго време за зачнување и имплантација;
  • Бремености со брз пораст на прогестеронот;
  • Бремени жени на постари години;
  • Мајки кои претходно имале подолга бременост;
  • Мајки кои биле потешки при раѓање;

Околу 60 од 100 жени раѓаат на самиот датум или пред датумот на породување.

Кај 35 од 100 жени контракциите започнуваат сами по себе во рок од две недели од датумот на породување. А за пет од 100 жени бременоста може да трае уште подолго.

Речиси сите бебиња се раѓаат во рок од три или четири недели од датумот на породување. Но, бебињата многу ретко се раѓаат толку доцна бидејќи породувањето обично е предизвикано најдоцна две недели по дадениот термин за породување.

Извор



912

X