Здравје

Дали бремената жена може да се бања во када?

Драги трудници, за да избегнете какви било проблеми, важно е навреме да се запознаете со новите животни правила. А еве што кажуваат експертите за бањањето во топла вода во текот на бременоста…

Бремените жени не треба да се бањаат во вода подолго од десет минути ако е толку топла што ја подигнува телесната температура до 38 или 39 Целзиусови степени. Доколку се надмине оваа температура, може да предизвика хипертермија, состојба во која телото апсорбира повеќе топлина отколку што исфрла.

Истражувањата ја поврзуваат високата телесна температура, особено во раната бременост, со дефекти на нервните цевки, како што е спина бифида.
За да избегнете  какви било проблеми, одржувајте ја температурата на водата колку да ви биде пријатно, а не жешка и да ви предизвика потење и црвенило на кожата. Ќе знаете дека телесната температура расте доколку чувствувате дека сте се зацрвениле и се потите. Доколку дојде до тоа, излезете од кадата и оставете ја водата да се олади.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top