Дали некогаш сте помислиле дека бабите и дедовците би требало да бидат платени за чување на нивните внуци? Една млада мајка предизвика бурна расправија на веб-страницата „Mumsnet“, форум за родители. Таа  ја споделила својата приказна и со неа предизвикала бурни реакции и коментари. Имено, нејзините родители барале пари за чување на нивното внуче.

– Наскоро се враќам на работа, три дена неделно. Моите родители ми рекоа дека би биле задоволни со 50 фунти (околу 55 евра) неделно. Дали сум неразумна што мислам дека ова е многу невообичаено? – прашала мајката.

Очекувано, прашањето ги поделило корисниците – едни се традиционални и сметаат дека бабите и дедовците треба да ги чуваат своите внуци без да земаат пари, додека други во наплатата за чување на внуците не гледаат ништо лошо.

– 50 фунти се ништо. Великодушно од нив, ќе заштедите пари – пишуваат корисниците кои се согласуваат дека треба да им се плаќа на бабите и дедовците за чување на внуците.

– Тоа е веројатно за покривање на трошоците околу детето – ја поддржува идејата еден корисник.

– Мислам дека само таткото на бебето и јас треба бесплатно да го чуваме нашето дете. На сите други треба да им се плати – пишува една корисничка.

Од друга страна, голем број родители мислат дека бабите и дедовците времето со внуците треба да го поминуваат бесплатно.

– Јас на моите родители не им плаќам. Мајка ми понекогаш го чуваше моето дете по цели два дена, а сега го зема од училиште четири дена неделно. Никогаш не сум сретнала некој што плаќа – пишува еден корисник.

Истражување во Велика Британија покажало дека со чувањето на внуците, бабите и дедовците на своите деца им заштедуваат околу 161 милијарда фунти на годишно ниво. Британските деца со бабите и дедовците неделно поминуваат во просек 11,3 часа, што на родителите им заштедува 1.786 фунти. Околу 65 отсто од бабите и дедовците во Велика Британија ги чуваат своите внуци.



912

X