Воспитување

„Да се најдат пријателки мајки е исто толку тешко како да најдете еднорог“

Кога ќе станете мајка, едноставно мора да споделувате искуства со другите. Освен што на самиот почеток сте осамени, што сè ви е ново, дури ни фактот дека времето поминува не доведува до тоа работите да се менуваат на подобро. Ви требаат пријателки, но не какви било.

Се надеваме дека сè уште ги имате „старите“, барем повеќето од нив. И секогаш ќе бидете среќни да одите на кафе со нив и да им се фрлите в прегратка, подалеку од децата. Меѓутоа, ако тие пријателки главно немаат деца или веќе им пораснале, ќе ви биде тешко да се идентификувате со некои работи кога сте со нив. Со други зборови, и да мислите дека ви е доста да зборувате за деца, сепак, добро би ви дошло со пријателка да го коментирате сето она што моментално се случува во вашиот родителски живот. И пријателка со која можете да го поминете најдоброто можно време додека децата си играат заедно и не ве прашуваат апсолутно ништо.

Ваквите мајки пријателки е многу тешко да се најдат! Една мајка на „Тик-ток“ дури оди дотаму што покажува колку е тешко да се најде мајка со која би се согласувале, која има дете на иста возраст како вашето, но тоа не е сè…

Мајката, потпишана со корисничко име „@annaleegrace15“, објавила видео во кое зборува за тоа колку предизвикувачки може да биде процесот на наоѓање мајка пријателка, па ја споделила нејзината теорија за тоа што значи совршена пријателка мајка. Таа дури и визуелно покажала за што зборува. Пред да има деца, вели таа, не знаела колку е тешко да најде пријателка која е и самата мајка. Пред да стане мајка мислела дека само ќе ги однесе своите деца во парк, ќе разговара со некои други жени додека децата трчаат наоколу и ќе се случи магија – тие ќе станат пријателки. Сепак, никогаш не е толку едноставно, нели?

Таа нацртала три круга објаснувајќи дека постојат три различни типа пријателки мајки, и кога ќе најдете пријателка мајка која ги содржи сите тие типа во едно, сте нашле пријателка мајка – еднорог. Првиот круг ги претставува оние мајки што едноставно ве „сфаќаат“. „Ова се мамички пријателки со кои секако би се согласувале“, вели таа. „Имате сличен интерес, се чувствувате многу пријатно, веројатно се дружите со нив дури и ако вашите деца не се присутни“.

Нејзиниот втор круг го сочинуваат пријателките мајки кои имаат деца на иста возраст како вашите. „Јас имам едногодишно дете, а вие шестгодишно, нема да можеме да се договориме да се дружиме“, објаснува таа. „Ако јас имам двегодишно дете, а и вие двегодишно, тогаш да одиме заедно во истиот парк. И доволно е ретко да се најде пријателка мајка со која обично се шегувате, а која исто така има деца на иста возраст како твоите“, вели таа, а потоа на ред доаѓа и последниот круг, а тоа е локацијата. Многу е важно мајката со која се согласувате и дружите да живее во ваша близина. Практичноста е клучна.

Мајката вели дека ова се трите клучни фактори за да се најде апсолутно совршена пријателка мајка. „Наоѓаш мајка пријателка што ја сакаш и се согласуваш, со деца на иста возраст како твоите, која живее во иста област како тебе и добиваш џек-потот – мајка еднорог“, објаснува таа.

@annaleegrace15 And they do exist!! So if you havent found yours yet, keep looking!! ❤️ #momlife #momsoftiktok #babiesoftiktok #toddlersoftiktok #marriedlife #husbandwife #momtok ♬ original sound – Annalee

И зошто ги нарекува еднорози? Па, затоа што тие навистина не постојат.

Видеото – кое сега има речиси половина милион прегледи – привлече стотици корисници на „Тик-ток“ да се огласат со своите мислења и сопствените искуства при обидот да најдат совршени пријателки мајки.

„Јас и мојата најдобра пријателка останавме бремени со разлика од 3 дена. И живееме на иста улица. И нашите сопрузи се согласуваат. Тоа е сон“, напишала една мајка. Друга се пошегувала: „Сè уште го чекам мојот еднорог. Или кој било од круговите“. Некои мајки сугерирале дека Анали требало да додаде повеќе кругови на дијаграмот. „Го заборавивте четвртиот круг – мајка пријателка со сопруг кој се согласува со вашиот сопруг! Тоа е вистински еднорог!“

Една мајка додала поразличен четврти круг – буџет. Ако ти си една од среќничките што има пријателка мајка еднорог, јави ѝ се, кажи ѝ колку си благодарна што ја имаш…

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top