Ако имате брат, знаете колку е посебен таквиот однос, без оглед што во детството сте биле како куче и маче.
Браќата се тука кога ви треба рамо за плачење, заштитник, совет… И тоа не се само празни зборови. Дури и науката докажала дека да се има брат, значи и да имате многу придобивки во животот.

1. Лицата што имаат брат се посочувствителни

На Универзитетот „Биргам Јанг“ во 2004 година е спроведено истражување кое покажало дека растењето со брат може да ве направи посочувствителна личност. Дополнително, истражувачите откриле дека лицата што имаат брат се поалтруистични.

2. Покрај братот развивате подобри комуникациски вештини

Истражувањата покажале дека жените што растеле покрај браќа подобро комуницираат со мажите отколку жените што имале само сестри или биле единици. Причината, меѓу другото, лежи во тоа што браќата се корисен извор на информации и совети во годините кога стапуваме во првите врски.

3. Браќата помагаат при намалувањето на нивото на стрес

Кога братот воедно ви е и најдобар пријател, веројатно и помалку ќе бидете под стрес. Студијата од 2011 година покажала дека близината на најдобриот другар во тешки времиња го намалува нивото на кортизол, хормонот кој го контролира стресот. Со други зборови, братот кој воедно ви е и најдобар пријател може да ви помогне да се смирите и кога сѐ околу вас е во хаотична состојба.

4. Браќата влијаат врз здравјето

Истражувањата покажале дека ако вашиот брат е посветен на здрава исхрана и вежбање, постои поголема веројатност дека и вие ќе бидете такви, а здравата исхрана и активниот живот имаат големо влијание врз здравјето.

5. Браќата разговараат со вас без заобиколување

Девојките се повеќе склони кон комплицирање на ситуациите, за разлика од момчињата. Затоа, кога ќе побарате совет од братот, тој искрено ќе ви каже што мисли, без многу заобиколување. Ќе го направи тоа директно и искрено.

6. Во близина на браќата можете да бидете токму такви какви што сте

Вашите браќа ве познаваат од дното на душата и ве сакаат такви какви што сте, така што братот е личност пред која слободно може да ждригнете, без срам. Навистина, можеби ќе ви дофрли дека сте одвратни, но тоа се само ситуации во кои добро ќе се изнасмеете, без да си судите.

7. Браќата секогаш се тука за вас

Дури и во оние моменти кога можеби не заслужувате поддршка или кога не сте во право, братот ќе стои покрај вас. Ќе ви го чува грбот дури и кога сите ќе се откажат од вас.

8. Братот ве сака безусловно, со сите ваши маани

Вие може да бидете миленичката на тато, но таткото не знае ни половина од она што сте го правеле во животот. Од друга страна, братот е тој што по потреба лажел за вас, ги прикривал вашите палавости и ве познава во душата. Братот ги видел вашите најлоши изданија и ве сака, без оглед на сѐ.

9. Братот ги разбира работите што никој друг не ги разбира

И двајцата сте пораснале во истата куќа, ве воспитувале истите родители и само братот ќе ве разбере кога ќе му објасните зошто мајка ви ве изнервирала. На браќата многу едноставно можете да им објасните многу работи, во една реченица, а тие сѐ ќе разберат.

10. Никој не може да ве насмее како братот

Овде уште еднаш ќе споменеме дека двајцата сте растеле во исто опкружување, сте се смееле на исти работи и шеги и со текот на времето сте изградиле некој ваш интерен свет во кој само вие разбирате зошто нештото е урнебесно, додека другите бледо ве гледаат.



912

X