Поимот тетка нѐ потсетува на најубавите искуства и најтоплите емоции. Сите ние ги доживуваме тетките како втори мајки. Нормално, за мајката нема замена, но единствена личност што може да конкурира за тоа место е тетката. Таа е најсоодветна и најприродна замена во случај мајката од која било причина да не може да биде покрај детето.

Најдобар соговорник за време на пубертетот

Често децата се поблиски и поопуштени со тетките отколку со родителите. Зошто?

Затоа што родителите мора да бидат строги и не би требало да имаат пријателски однос со децата. Тие мора да ги воспитуваат децата, а тоа подразбира и казнување. Кај тетката го нема тоа. Воспитувањето не е нивна работа, па кај нив има широка демократија. Тетките, за разлика од бабата и дедото, се на исти години како родителите, па со самото тоа им се најблиски на младите – покажуваат истражувањата.

Децата можат да им се доверат на тетките за работи кои не смеат да им ги кажат на родителите бидејќи се плашат од карање и кавга. Тие се посебно благонаклонети кон девојчињата во пубертетот, кои бараат одговори за многу прашања и мора да пробаат многу работи во животот. Тогаш тетката е незаменлив соговорник бидејќи од другарките на девојчето знае многу повеќе, а нема да ја казнува за секоја грешка, како што би направила мајката.

Децата им се доверуваат на тетките

И кога имаат проблем во семејството, со родителите или поголема криза во домот, децата им се доверуваат на тетките. Нив најдобро ги знаат и имаат доверба бидејќи тетките се дел од семејството. Тие се исто како родители, и се радуваат на малите и големите успеси на нивните внуци и секогаш навиваат за нив. Се одушевуваат кога ќе дознаат дека „златото на тета“ научило да вози велосипед, добило петка по математика, го напишало најдобриот состав по македонски јазик…

Љубовта кон децата од браќата и од сестрите не се намалува кога тетката ќе добие свои деца. Едноставно, за секого има место во нејзиното срце. Не залудно се вели дека љубовта се зголемува со делењето. За овој случај важи баш тоа правило – велат експертите.

Тие додаваат дека жените што немаат свои деца на некој начин ја остваруваат улогата на мајка преку децата на браќата или сестрите.

– Да се биде тетка е најубавото чувство на светот.

– Внучињата на тета се ангелчиња кои носат радост и среќа.

– Внуците имаат посебно место во срцето на тета.

– Да се биде тетка, значи да се биде другарка и инспирација на детето.



912

X