Храната за деца често е пакувана во таква форма што може да се вшмукува или да се јаде со прсти. Таквиот начин на исхрана го прави голем предизвик учењето на децата на манири на масата за јадење. А добрите манири помагаат во круцијални општествени ситуации од кои на луѓето може да им ја расипат иднина.
Зошто се важни манирите на маса? Семејните празнични оброци никогаш нема да излезат од мода. Добро е да се најде мотивација за да се обликува однесувањето на децата на масата. „Ќе има настани каде што ќе сакате децата добро да се однесуваат на маса“; вели експертот Џенифер Л. Скот од Њујорк. Но, манирите не подразбираат само бришење на лицето. Таа додава дека манирите може да се клучни во однос на личниот и професионалниот подоцнежен развој на децата. „Да ги научите децата на манири на масата за јадење е многу важна подготовка за животот. Гарантирам дека кога ќе ја добијат првата работа и ќе одат на ручек со колегите или ќе имаат некоја специјална вечера со некој за кого се заинтересирани романтично, ќе сакаат да имаат добри манири“, смета Скот.
Како да ги научите? Потсетувањата да се избришат, правилно да го држат приборот се во ред, но Скот ги охрабрува родителите да ги вежбаат манирите со симулирана вечера, односно со проба. Идејата е да практикувате улоги во забавна атмосфера. „Убаво наместете ја масата. Потоа вежбајте го целиот процес – од почетокот до крајот на оброкот, прашувајќи што треба следно да се стори“. Скот препорачува родителите да ги поедностават работите бидејќи колку се покомплицирани правилата, помали се шансите децата да ги совладаат вештините.

Ова се основните правила:
-Правилно седење на стол
-Држење на салфетката на скутот
-Користење на салфетката за бришење на лицето
-Без ждригање и испуштање гасови на масата
-Да се почека сите да седнат пред да се јаде
-Секогаш да се користи соодветен прибор за соодветната храна
-Вклучување во разговор
-Молба за да ги извинат ако треба да станат
-Чекање додека секој заврши со јадењето на масата
-Заблагодарување на готвачот.
Иако најдобриот начин за учење на овие вештини е преку вежба, тоа не значи дека сѐ друго не е опција. Скот потенцира дека манирите на маса треба да се дел од сите семејните оброци. Бидејќи, кога родителите моделираат и практикуваат одредено однесување, тоа станува природно и пример и за децата. „Секогаш треба да ги вежбаме овие работи зад затворени врати, дури и ако никој не нѐ гледа. На тој начин сѐ станува природно и не изгледа лажно.“ Па дури и ако вашите деца имаат пилешки прсти в уста, сепак треба да речат „се извинувам“ и да ја користат салфетката за да си ја избришат устата.
Автор: Патрик А. Колман