Образование

Да ги научиме децата да бидат добри луѓе. Тоа е она што како педагози сме го учеле и во целиов долго атакуван образовен систем како да го заборавивме

Со премногу посветено внимание на преносот на знаењата, во што, за жал, сè помалку успеваме, емоциите ги поттурнавме настрана. Затоа и сведочиме на ситуации во кои децата ни се лути, непослушни, дрски, не учат и не знаат што е почит, притоа заборавајќи, пак ќе кажам, на фактот дека тоа всушност е повик за помош. Не го слушаме. Немаме време да работиме со нив на нивното самоспознавање, саморегулирање, самомотивирање, на нивните социјални способности. Немаме време да ги учиме на емпатија, за да ги идентификуваат и чувствата на другите, да сочувствуваат со нив и со тоа да им помогнеме да си го засилат квалитетот на животот. Не работиме на нивната самосвест, со што ќе си ги препознаваат внатрешните состојби и ќе си ги рационализираат емоциите.

Ова е дел од колумната на Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште за Факултети.мк.

Целата колумна прочитајте ја на овој ЛИНК.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top