Замислете што би можеле да направиме ако сите жени се поддржуваа една со друга?
Фасцинантна е потребата на жената да го оправда својот избор во однос на нејзините деца. Дури и ако сте сигурни во вашите одлуки и никогаш не чувствувате потреба да ги рационализирате пред семејствата, пријателите или непознатите луѓе, не постои ништо како мајчинството, кое постојано ве тера да се сомневате во себе.
Сиа Купер, лиценциран личен тренер и мајка на две деца, неодамна стави фотографија на нејзиниот инстаграм-профил пишувајќи ги сите начини на кои таа била критикувана поради мајчинството.
– Да добивав пари секојпат кога некој ќе ме наречеше лоша мајка, ќе бев богата – пишува таа. Се чини дека е невозможно да се биде политички коректна мајка или мајка според учебниците бидејќи каде и да се свртите, друга мајка го суди твојот избор како родител. Нели сум во право? – пишува таа.
Ја нарекуваат лоша мајка затоа што вежбала во бременоста, вежба додека ги одгледува децата, затоа што се грижи за нејзиниот изглед и здравјето, затоа што има тетоважи и пирсови, затоа што одвреме-навреме ужива во вино. Затоа што им дозволува на децата да користат технологија, затоа што им дава на децата шеќери, затоа што спие заедно со нив, затоа што води бизнис од дома, затоа што има хоби, затоа што сака да си посвети време на себе, затоа што има стомачни мускули.
– Научив дека вистинските лоши мајки се оние што постојано ги осудуваат другите. Тоа се мајки кои се несигурни во себе. Не постои правилен начин да бидете родител или мајка. Сите учествуваме во истата трка и даваме сè од себе. Мајчинството за секоја жена е различно и затоа – кои сте вие да ги осудувате изборите на друга мајка?
Да се биде мајка е доволно тешко и ако сè друго ме прави „лоша мајка“, тогаш со задоволство ќе ја носам оваа етикета. Ова е за сите лоши мајки.
912