Д-р Милан Перовиќ, раководител на одделението за подготовка на пациенти за процесот на ин витро оплодување од ГАК „Народни фронт“ – Белград, зборува за проблемите со кои се соочуваат паровите што сакаат да станат родители. Според него, сѐ повеќе луѓе се соочуваат со овој проблем. Станува збор за 15 до 18 проценти.

Перовиќ смета дека жената треба да размислува да има дете и пред 35-тата година, бидејќи од таа возраст се зголемуваат ризиците.

– Медицината и науката покажаа дека многу ризици се зголемуваат од 35-тата година од животот. Од ризикот дека ќе биде потешко да се забремени, до фактот дека има поголеми ризици за бебето. Не смееме да им даваме лажна надеж на жените дека има време за мајчинство. Има време, но ризиците се поголеми – изјавил Перовиќ.

Тој зборува и за коментарите на жените што биле подложени на ИВФ.

– Жените обично велат дека процедурата не е тешка и да знаеле, порано ќе ја почнеле. Најголема неизвесност се оние резултати што се всушност најпредизвикувачки и најтешки – истакнува Перовиќ.

На прашањето кога двојките треба да побараат стручна помош, докторот вели дека тоа зависи од возраста.

„Доколку жените се помлади од 38 години, општа препорака е дека можат да чекаат една година со редовен однос без заштита. Доколку ја поминат таа година без да ги постигнат посакуваните резултати, треба да нѐ контактираат. Но, за повозрасните жени, таа граница е 6 месеци редовен незаштитен однос“, заклучува Перовиќ.

Извор



912

X