Евгениј Комаровски, доктор по медицински науки, телевизиски водител и автор на многу книги за деца на територијата на поранешниот СССР, на своите следбеници на социјалните мрежи им сподели совети за тоа како да препознаат „шарлатански лекови“.

Карактеристики на рекламите за шарлатански лекови:

– Лични искуства за тоа како средството му помогнало на Мики, Лазар, Петар, без наведувања на изворот на истражувањето.
– Приказни за тоа како лекот бил долго време тајна, бидејќи лекарите се плашеле дека ќе останат без работа.
– Единствена технологија, ретка билка, малку познато животно кое живее на пуст остров. Рецепт од древна Индија, воена тајна.
– Сè е целосно природно.
– Брзи резултати и, се разбира, без нуспојави.
– Лекува разни болести.

Ако сте виделе нешто вакво – насмевнете се и прескокнете го, барајте друга содржина! Не вршете експерименти врз себе, а пред сè не ризикувајте го здравјето на вашето дете.
Ова веројатно не се однесува за вас и вие не сте такви, но меѓу вашите познајници, пријатели, роднини, можно е да постојат љубители на чудесни лекови. Реклами за овие лекови ќе најдете во весниците, списанијата, телевизијата и се разбира на интернет.
Треба да знаете дека постојат многу лажни средства наменети за оние што се лековерни, кои ја сакаат нестандардната медицина. Не е тешко да ја откриете измамата: доволно е да ги препознаете клучните зборови, фрази со кои измамниците се обидуваат чесниот свет да го свртат против фармакологијата и да го вплеткаат во својата мрежа.



912

X