За ХПВ-вакцината има релативно мал процент на вакцинирани девојчиња од различни причини. Оваа вакцина е една од најефикасните вакцини и има цел да дејствува и да спречи развој на карцином на грло на матка, апелира проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, на денешниот брифинг поврзан со прашања околу набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ.

– Карциномот на грлото на матка е еден од водечките кај женската популација на возраст од 15 до 45 години, а е втор по ред, веднаш по карциномот на дојка. Родителите треба сериозно да го имаат ова како информација со цел да донесат одлука дали ќе ги вакцинираат своите девојчиња или не – вели д-р Грозданова.

Додава дека согласно календарот за имунизација, оваа вакцина се дава помеѓу 9 и 12 години, а дополнително оние што немаат примено вакцина до оваа возраст можат да ја примат до 15 години.

Причината зошто баш на оваа возраст е потребно девојчињата да ја примат вакцината, како што вели д-р Грозданова, е поради тоа што од имунолошки аспект е многу важно кога ќе се даде вакцината, но дополнително, оваа вакцина е асоцирана да се прими што е можно порано, односно пред девојките да стапат во сексуални односи.

– Оваа вакцина што во моментов е достапна кај нас е четиривалентна и заштитува од четирите најинвазивни серотипови, директно асоцирани со развој на рак на грло на матка. Има и нови вакцини со поголема валентност и очекувам во следните години да ги имаме и тие – додава таа.

Извор: МИА



912

X