Д-р Даниел Амен е американски психијатар, експерт за невролошки нарушувања и основач на клиниката за ментално здравје што го носи неговото име.
Тој е чест гостин во разни емисии и поткасти споделувајќи конкретни совети, практични алатки и моќни стратегии што помагаат во градењето на менталната сила и развивањето добри навики.
Во едно од неговите неодамнешни гостувања тој рече дека родителите што прават премногу за своите деца одгледуваат ментално слаби луѓе.
-Ако правите повеќе за вашите деца отколку што е потребно, ја зголемувате сопствената самодоверба крадејќи ја нивната. Бидејќи развиваме ментална сила решавајќи проблеми. Затоа, ако мојата ќерка ја заборави домашната задача дома, никој нема да трча на училиште да ѝ ја однесе. Ако не ја понесе јакната иако е ладно надвор, а нејзината мајка ѝ кажала да го стори тоа, никој нема да ѝ ја даде – објаснува д-р Амен.
Тој, исто така, го открива единствениот точен одговор кога вашето дете ви кажува дека му е здодевно.
-Наместо да се обидувате да го поправите, едноставно кажете: „Се прашувам што планираш да направиш во врска со тоа?“ И замолчете. Дозволете им на децата сами да ги решат своите проблеми и да најдат решенија наместо вие да го правите тоа – објаснил докторот.