Секој има свој животен сон, а овој тинејџер сонува да постави Гинисов рекорд во различни варијации на составување Рубиковата коцка. Досега му успеало да постигне неколку интересни рекорди, а неговиот настап е навистина импресивен.

Кога се работи за редењето на Рубиковата коцка, тинејџерот Куе Јинају од Кина постави Гинисов рекорд. Неговото постигнување го вклучува најбрзото составување на коцката користејќи ги и двете раце, но и најбрзо составување на коцката додека телото му е свртено наопаку.

фото извор: YouTube screenshoot

За да намести една Рубикова коцка, свртен наопаку, потребни му биле 15,84 секунди. Момчето почнало да соборува рекорди кога имало само 7 години, а тогаш поставило рекорд местејќи ја коцката со заврзани очи. Но, неговиот убедливо најимпресивен настап бил во 2018 година во Италија, на натпреварот „Ла Ноте деи Рекорд“, кога жонглирал со 3 коцки и ги наредил за само 5 минути и 2,43 секунди.

– Кога бев помлад, не разбирав баш што значи да се има некој свој сон. Редењето на Рубиковата коцка придонесе да почнам да го разбирам тоа и верувам дека во иднина ќе постигнам уште поневеројатни резултати – изјавило момчето кога го интервјуирале за „Гинисови светски рекорди“.

Автор: Луција Богданиќ

Извор



912

X