Многу модерни парови денес се откажуваат од традицијата на денот на нивната венчавка, а многу обичаи со текот на времето се напуштени или станаа несоодветни. Од свадбена торта стара една година до носење туѓа долна облека, историјата открива различни необични приказни.

  1. Да се носи сѐ освен бело

Облекувањето во бел фустан е релативно нова свадбена традиција. Низ историјата невестите избирале која било боја за својата венчавка, особено ако не можеле да си дозволат фустан само за таа пригода. Наместо тоа, венчаницата била најскапиот фустан што невестата го имала и го носела и во други пригоди.

Оваа традиција ја променила врвната кралска трендсетерка Викторија во 1840 година, која носела бел фустан од тантела на свадбата со принцот Алберт. Таа ја избрала бојата само за да ги истакне прекрасните детали на тантелата „хонитон“, која ја купила за да ја поддржи британската индустрија за тантела. Кралицата изгледала толку убаво, што станало тренд кој продолжува и денес.

  1. Замрзнување на свадбената торта за првороденото

Раскошните свадбени торти на повеќе ката сè уште се традиција на многу свадби, но можат да бидат многу скапи. Порано било обичај да се замрзне дел од тортата и да се остави за првороденото, за кое се надевале дека ќе пристигне една година подоцна. Се разбира, оваа традиција е напуштена денес, но порано се сметало за паметен начин да се задржи малку торта што е можно подолго.

  1. Иста облека со деверушите

Денес деверушите се пријателки и членови на семејството на невестата кои имаат одговорност да ѝ помогнат. Но, во античко време тие намерно се облекувале исто како невестата за да ги збунат злите духови и љубоморните гости.

  1. Пренесување на невестата преку прагот

Пренесувањето на невестата преку прагот кога младенците го започнуваат заедничкиот живот им се допаѓа на романтичарите, но потеклото на оваа традиција е сè само не трогателно.

Обичајот потекнува од антички Рим, каде што многумина верувале дека вратите се популарно место за злите духови да се закачат за нозете и да влезат во домот. Затоа, за да не се случи тоа, младоженецот ја кревал невестата што е можно повисоко и ја пренесувал преку прагот.

  1. Чистење по гостите

Во Германија чистењето бил одличен начин за почетокот на брачниот живот. Традицијата позната како „полтерабенд“ (на германски значи ергенска забава) се случувала ноќта пред свадбата. Гостите наизменично кршеле сè, од керамички плочки до чинии за да го одбележат преминот од ергенски во брачен живот.

По овој чин невестата и младоженецот морале да го изметат подот заедно и да ги фрлат скршените остатоци – симбол за надминување на предизвиците во нивниот брак. Германците, исто така, верувале дека парчињата му носеле среќа на парот.

  1. Една нога на подот

Оваа ирска традиција тврди дека невестата мора да ја држи едната нога на подот за да спречи самовили и зли духови да ја украдат. Се разбира, ова е комплицирано да се направи, па овој обичај остана во минатото.

  1. Ставање рози и камилица во букетот

Традицијата на свадбен букет, особено исполнет со миризливи цвеќиња, започнала во средновековна Европа. Средновековните свадби, како и остатокот од средновековниот живот, биле исполнети со непријатни и нехигиенски мириси. Дури и невестата имала мал или никаков пристап до бањи и пералници.

Затоа, невестите носеле миризливи рози и камилица и рузмарин, за да ги намалат непријатните мириси на настанот.

  1. Фрлање ориз врз младенците

Оризот е симбол на среќата и плодноста и бил одличен начин да се испратат невестата и младоженецот во брачен живот. Денес многу луѓе избираат да фрлаат цветни ливчиња, семиња од растенија и меурчиња како поеколошко решение.

  1. Нема венчавки за викенд

Многу свадби се одржуваат во викенд – што е од суштинско значење ако вашите гости патуваат или работат во текот на неделата. Но, во минатото саботата била непожелна за свадби.

Всушност, во книгата за бонтон во Белата куќа, која има правила за буквално сè што ќе ви текне, пишува: понеделник е за богатство, вторник за здравје, среда е најдобар ден за сите, четврток за загуби, петок за крстови, сабота нема среќа – гласело правилото.

  1. Пари во чевелот

Сите ја знаеме приказната што потекнува од Америка за тоа што ѝ е потребно на невестата: нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино.

Но, на оваа традиција ѝ недостасува еден важен дел: and a [silver] sixpence in her shoe. Имено, во викторијанска Англија на многу невести им се ставале пари во чевелот како симбол на богатство и среќа во бракот.

  1. Носење туѓа долна облека

Англиските невести верувале дека е добро да носат туѓа женска долна облека за нивниот голем ден. Но, потребно било тоа да биде долна облека на некоја мајка, за новата сопруга да биде успешна и во родителството.

Извор



912

X