Да се биде близнак, доаѓа со многу поволности. Секогаш имате некој со кого може да играте како дете, некој кој ќе ви биде потпора на училиште и некој со кого ќе споделувате облека. Но, има и многу други работи што не се толку добри кога сте близнак. Освен споделувањето на роденденот и борбата да се биде индивидуа, би рекле дека најфрустрирачки дел од сето тоа се прашањата што ми ги поставуваат. Разбирам зошто луѓето се љубопитни за близнаците, особено поради филмови како „Сјаење“ и „Замка за родители“, но некои од следните прашања се сосема ново ниво на чудно.

  1. Ако те штипнам, дали твојот близнак ќе го почувствува тоа?
  2. Кој е попаметен?
  3. Имате ли близначка телепатија?
  4. Имате помлада сестра? Дали го има истиот роденден како вас двајца?
  5. Дали често се расправате?
  6. Каде е твојот близнак?
  7. Дали си се допаѓате еден на друг?
  8. Дали и двајцата/двете ќе се ожените/омажите за близначки/близнаци?
  9. Јас: Мојата 16-годишна сестра доаѓа да ме посети на колеџ викендов.
    Пријател: Дали е тоа твојата сестра близначка?
  10. Зошто вие двајца не одите на истиот колеџ?
  11. Ми се допаѓа твојата сестра повеќе од тебе.

Иако ова не е прашање, беше премногу добро да не се вметне во листата. Би биле изненадени кога би знаеле колку пати јас и сестра ми сме слушнале луѓе експлицитно да ни кажуваат дека едната повеќе им се допаѓа од другата. Сум слушнала: „Ми се допаѓаш повеќе од сестра ти“ и „Повеќе ми се допаѓа сестра ти“. Тоа не е нешто што му се кажува некому.

Автор: Кејт Бренан

Извор



912

X