Типичното детско искуство во училиште денес е многу поинакво од она што го имале децата пред 30 или 40 години. Тешко е да се каже дали работите се подобри или полоши, но има големи промени во начинот на воспитување и образование на децата.

Корисникот „theSandwichSister“ на „Редит“ ги замоли возрасните што оделе на училиште во 80-тите и 90-тите години да споделат интересно искуство од нивните училишни денови.

– Напишете нешто што правеле вашите наставници, а денес не би поминало добро.

Ова се некои од најдобрите одговори:

– Еден наставник имаше правило за натпревар за читање книги. Децата што читаат одреден број книги можеа да дојдат во библиотеката со вреќи за спиење и да спијат таму. Наутро правеа палачинки и се дружеа. Ова ми е омилен спомен од основно училиште – напишал еден корисник.

– Директорот на основното училиште во кое учев им ги вадеше забите на учениците. Можеше да отидеш во неговата канцеларија, да му кажеш да ти го извади лабавиот заб, а тој на крајот ти даваше лижавче – додал друг корисник.

– Му кажав на наставникот по биологија дека не се чувствувам добро, тој рече дека не изгледам болно, а за да ме казни, ме натера да стојам во аголот на училницата додека не се онесвестив – е еден од лошите спомени што ги сподели еден корисник.

– Госпоѓа Саливан, наставничка во шесто одделение, секој петок носеше 3 деца на ручек во „Мекдоналдс“. Беше навистина кул. Пушеше додека возеше – споделува друг интернет-корисник.

– Најдобриот учител по математика нѐ натера да кажуваме дропки со шварценегерски акцент – е еден од најинтересните коментари.

Извор



912

X