За многу родители, грижата за децата е полна со предизвици. Родителите се прашуваат дали нивните деца се среќни и добро приспособени. Тие се грижат за нивниот училиштен успех и дали се дружат. За родителите чии деца не се вклопуваат во ниту една социјална група, овие грижи може да бидат полоши.

Повеќето родители можат да бидат сигурни дека нема ништо „погрешно“ кај нивните деца, а, всушност, некои може да бидат изненадени кога ќе откријат дека одредени чудни детски однесувања се всушност знак на непрепознаен гениј.

Ова се некои од нив:

Хиперфокусирање – Хиперофкусирањето може да се опише и како целосна апсорпција во задачата. Хиперфокусирањето се карактеризира со тоа што некој го посветува своето интензивно внимание на нерутински активности, толку многу што неговата перцепција за околината се намалува. На поедноставен јазик, хиперфокусирањето значи дека некој е толку фокусиран на она што го прави, што исклучува сè околу него.

Мечтаење – Мечтаењето е чудно однесување на дете кое всушност е знак за непрепознаен гениј. За родителите, ова однесување може да биде фрустрирачко, особено кога десетпати сте му рекле да ги среди алиштата, но наместо да следи насоки, ова дете зјапа во празно. Но, во реалноста, мечтаењето е знак за генијалност.

Поставување прашања за сè – Чудно однесување на детето што всушност е знак за непрепознаен гениј е кога детето поставува прашања буквално за сè: Зошто небото е сино? Зошто облаците изгледаат како памук? Зошто можеме да ја видиме Месечината во текот на денот? Секако дека прашањата можат да бидат досадни, но тоа значи дека децата се доста љубопитни, што е знак за висока интелигенција.

Расклопување работи – Друго чудно однесување што е знак за нерепознаен гениј е расклопувањето работи за детето да види како тие функционираат. Детето што расклопува работи може да има интерес за механика или инженерство.

Екстрачувствителност на околината – Да се биде особено чувствителен на околината е чудно однесување на детето кое е знак за висока интелигенција. Децата може претерано да реагираат на одредени звуци или можат да бидат чувствителни на специфични текстури или не поднесуваат метеж. Екстрачувствителноста е показател дека тие го доживуваат светот на поинтензивен начин од другите луѓе.

Емоционален интензитет – Емоционалниот интензитет често е придружуван со екстрачувствителноста бидејќи децата со овие особини го доживуваат светот на подлабоко ниво.

Ексцентрично размислување – Децата што размислуваат надвор од „нормалните“ граници покажуваат способност да го предизвикаат статус-квото, што е нешто што го прават сите иноватори. Децата што размислуваат на неконвенционални начини можат да дојдат до нови решенија за старите прашања.

Отпор кон спиењето – Многу деца ги поместуваат границите за спиењето затоа што сакаат да продолжат да играат или се загрижени дека ќе ја пропуштат „тајната“ забава што нивните родители ја организираат откако ќе заспијат. Овие деца често се борат да го исклучат мозокот. Нивните умови се толку активни, што имаат проблем да ги „исклучат“, што често се преведува како отпор да спијат.

Измислување имагинарни светови – Иако можеби изгледа чудно што вашето дете има имагинарни пријатели кои живеат на далечна планета, овие живописни креации покажуваат колку е вешто вашето дете во апстрактно размислување.

Повеќе сакаат да се сами – Постои разлика помеѓу да се биде сам и да се чувствувате осамено. Можеби изгледа чудно што детето повеќе сака да биде само отколку да си игра со врсниците, но децата кои избираат осаменост сакаат да размислуваат и да замислуваат, како и да го обработат своето искуство за светот околу нив.

Извор



912

X